Минимална загарантирана откупна цена 5 ден/кг за индустриско јаболко на долгорочен период

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и оваа година разговараше за состојбата со прозводството на јаболко пред почетокот на бербата и започнување на откупот на јаболкото. Оваа година овој сектор се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи голема површина од овогодинешниот род. Имено според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година 5477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се…

повеќе...

Во Велгошти ќе се врши проценка на штети на земјоделските насади од невремето

Поради настанатите штети на земјоделските насади од невремето, Комисијата за проценка на штети, денес во 11 часот ќе врши увид во Велгошти.

повеќе...

ЕД Грашница организира обука за охридските земјоделци

Во организација на ЕД Грашница, а во соработка со Македонската рурална мрежа, во Охрид ќе се одржи настан „Едукација на земјоделските производители за заштита на животната средина од прекумерна употреба на минерални ѓубрива и пестициди“ – обука за земјоделци. Обуката ќе ја изведуваат специјалист по агрохемија и искусен практичар – фармер. Ваков настан ќе се организира и за струшките земјоделци во Струга на крајот од месецот. „Ова е од големо значење за охридско-струшкиот регион, а целта е да добиеме едуцирани земјоделски производители кои ќе произведуваат здрава храна наменета за европскиот пазар. Според…

повеќе...

Младите земјоделци заинтересирани за мерките против климатските промени

Помладите земјоделци се заинтересирани за користење на мерките за адаптација кон климатските промени и делуваат проактивно во оваа насока, додека постарите даваат своевиден отпор, сметајќи дека инвестицијата во потребната технологија ќе ја зголеми цената на крајниот производ, беше речено на денешниот промотивен настан од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“. Според Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија „Флорозон“, ставовите полека се менуваат, но со претходно детално објаснување за тоа што значи примената на новата технологија. „Неопходно е да се усвои програма за едукација на земјоделците за поефикасно користење…

повеќе...

Земјоделци – Не заборавајте да поднесете барање за паушално оданочување за 2015 година

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Како да се регистрирате за паушално оданочување? Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП поднесете: 1. образец “УЈП-РДО/З“ – Пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи…

повеќе...

Земјоделци – Поднесете барање за паушално оданочување за 2015 година

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Како да се регистрирате за паушално оданочување? Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП поднесете: 1. образец “УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од…

повеќе...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со директните средби со земјоделците

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска, па до 17 декември годинава ќе продолжи со отворените денови во рамки на кои ќе посети нови 100 населени места низ Македонија каде ќе има директни средби со земјоделците. Новиот циклус на отворените денови ќе почне денеска во 19 часот во Росоман, а агендата за средбите со земјоделците со точната сатница е објавена на веб страницата на Министерството. „Најголем дел од местата кои ќе се посетат се нови, но има и такви каде е барана повторна средба за расчистување на некои дилеми…

повеќе...

Владата исплати 35 милиони денари субвенции за земјоделците

Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, за произведено и продадено млеко исплатени се 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар. Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури. За одржување постоечки лозови насади, Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар. Исплатени…

повеќе...

Исплатени 52 милиони денари субвенции за земјоделците и за отштета од поплавите

Владата денеска исплати 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава. Како што соопшти Министерството за финансии, за отштета за поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила. За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари. Од тоа 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за…

повеќе...

Спасов: Можност за остварување на старосна пензија за земјоделците

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на прес конференција информираше дека Владата на Република Македонија на својата последна седница ги усвоила измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Како што истакна Спасов, тоа се измени со кои се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во државата и се решава значаен проблем со кој се соочуваа неколку стотици индивидуални земјоделци, при што, со усвојувањето на овој закон од страна на собранието, ќе се создадат законски можности оваа група на граѓани да се стекне со старосна пензија.Со ова…

повеќе...