Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денес официјално ги пуштија во употреба новите три тениски терени и новото повеќенаменско спортско игралиште во СРЦ “Билјанини извори” во Охрид, кои се наменети за граѓаните и спортистите на Охрид. Овие игралишта се инвестиција на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и се дел од проектот „Изградба на 120 тениски терени низ целата држава“ и од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“. Директорот Спасески во своето обраќање…
повеќе...Tag: игралишта
Спортските игралишта во Охрид мета на несовесни граѓани
И покрај апелите кои ЈП „Билјанини извори“ постојано ги упатува за совесно користење на спортската опрема која е во составен дел од СРЦ „Билјанини извори“ за жал се уште тие апели не допираат до одредени личности. Таков пример е и денешното оштетување на заштитната ограда на новото мултифункционално игралиште кое се гради како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт. Во изминатите неколку години спортската инфраструктура, со поддршка на Владата и општина Охрид , доживува една експанзија која не се памети од самите почетоци на СРЦ „Билјанини Извори“,…
повеќе...Во Охрид се градат детски игралишта
По налог на градоначалникот Никола Бакрачески започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е градба на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога. Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Наредниов период Локалната власт детски игралишта ќе гради во населбите :Воска,…
повеќе...Пливачкиот базен, тениските и повеќенаменското игралиште се во поодмината фаза на изградба
На СРЦ „Билјанини извори“, градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на активностите каде во тек е градба на едно повеќенаменско игралиште за мал фудбал, кошарка и одбојка и уште три терени за тенис од кои еден двоен и еден единечен. „Досега се изработени основите на подлогата, дренажните системи и поставен е асфалт. Изведувачите не уверија дека следната недела ќе биде поставена полиакрилната подлога, со што Охрид ќе добие три најсовремени игралишта за тенис и едно повеќенаменско игралиште“. – изјави градоначалникот Бакрачески кој изрази задоволство од темпото со кое се изведуваат градежните…
повеќе...Се санираат заштитните огради на спортските и детски игралишта во Охрид
Градежно-оперативните екипи нa ЈП „Градски пазар“ деновиве активно работат на санација на металните заштитни огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на различни делови во Охрид. Деновиве се работеше на поставување и досредување на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“, а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“. Екипи на оваа претпријатие работеа и на обновување на оштетената и насилно отстранета заштитна ограда на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“’. Градежните активности на…
повеќе...Во Охрид се градат повеќенаменски игралишта
Општина Охрид успешно го реализира проектот за изградба на повеќенаменски игралишта. Нови игралишта се изградени во населба „Лескајца“, кај „Подмоље“ ,во село „Трпејца“ а терен за одбојка на песок добија и жителите од населбата „Воска“. Реконструирани се игралиштата на улиците „Крали Марко“ , и „Туристичка“ на излезот од Охрид, во населба „Црногорци“ и во село Лескоец. Нови кошеви за басќет се поставени на игралиштата во селата Горно и Долно Лакочереј а во тек е и реконструкцијата на игралиштето во населба „Радојца Новичиќ“. Во тек е постапка за испитување на пазарот…
повеќе...