Отворено ново детско игралиште

Најмладите во Охрид, денес, добија уште една забавно – рекреативна зона каде што ќе можат да го користат своето слободно време. На детското игралиште лоцирано покрај патеката што се протега од „Студенчишта“ до хотел „Парк“, поставени се повеќе детски реквизити што нудат разновидна забава. „Им овозможивме на младите да се забавуваат и рекреираат тука, меѓутоа и на оние кои се занимаваат со рекреативен спорт или фитнес да можат да ги користат овие реквизити на оваа мошне атрактивна локација во Македонија, со прекрасен поглед кон стариот град и кон езерото“, рече…

повеќе...

Во тек се градежните активности околу санацијата на фудбалското игралиште во Волино

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК „Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати,…

повеќе...

Ќе се гради игралиште за деца со инвалидитет

Претставници на Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на телесно инвалидизирани лица на Република Македонија, денеска имаа работна средба во општина Охрид, на која стана збор за имплементација на проектот за изградба на инклузивни детски игралишта со специјални реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет.Беше договорено Локалната самоуправа да обезбеди локација и да ја подготви подлогата на инклузивното игралиште, а реквизитите ќе бидат обезбедени во рамките на проектот. Со изградбата на инклузивното детско игралиште, на децата со инвалидитет ќе им се овозможи безбедно да играат…

повеќе...

Изградено детско игралиште во населбата Видобишта

Во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а врз основа на потпишаниот договор за изведба,реконструкција и изградба на детски игралишта со економскиот оператор „ Дион Градител“ ДООЕЛ,Општина Охрид реализира уште еден од ветените проекти. По налог на Секторот за комунални дејности,економскиот оператор успешно ја реализираше изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Во рамките на градежните активности беа поставени детски и спортски реквизити на постоечкиот простор и истиот беше соодветно хортикултурно уреден. Вредноста на оваа инвестиција изнесува…

повеќе...

Се градат трибини на спортското игралиште во ОУ „Св.Климент Охридски“

По налог на Локалната самоуправа градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” – Охрид започна со реализација на проектот за изведба на трибини на повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски”. Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари. Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.

повеќе...

Се гради фудбалско игралиште во Лескоец

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, а согласно залагањата на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за изградба на спортски и детски игралишта, деновиве активно се работи на изградба на фудбалско игралиште во с. Лескоец. Во моментов се работи на проширување на теренот кон источната страна и во насока на ОУ „Ванчо Николески“. Се очекува градежните активности да завршат до почетокот на летната туристичка сезона со што жителите на ова охридско село ќе добијат соодветен простор за спортување и рекреација.

повеќе...

Свечено пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Трпејца

Со свечена пригода, денес, беше ставено во употреба повеќенаменското игралиште кое е во рамки на основното училиште во Трпејца. Вредноста на игралиштето е околу 600 000 денари средства издвоени од буџетот на општина Охрид, а градежните активности ги изведуваа јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Градски Гробишта“. „Денес сме собрани тука да го одбележиме пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште, што е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот еднаков однос кон сите делови на Општина Охрид, за задоволување на…

повеќе...

Ставено во употреба реконструираното детско игралиште кај „Студенчишта“

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и амбасадорката на Р. Германија во Р. Македонија, Кристине Д. Алтхаузер, денес официјално го ставија во употреба реконструираното и проширено детско игралиште кај каналот „Студенчишта“. Станува збор за проект што општината го реализираше со поддршка на германската амбасада за што доби гранд во износ од околу 8.000 евра. „Со овие средства се набавија реквизитите и играчките додека општина Охрид учествуваше во делот на целосно уредување на подлогата за конечно игралиштето да го добие овој изглед којшто го има денес“. – рече градоначалникот Никола Бакрачески посочувајќи…

повеќе...

Германска поддршка за реконструкција на детското игралиште кај каналот „Студенчишта“

Со потпишување на договор за финансирање помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска денеска во просториите на германската амбасада во Скопје, се официјализира почетокот на проектот за обнова и реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“. Според договореното за реализација на проектот Германската амбасада и доделува гранд на општина Охрид во вредност од 485,259.00 денари или 7 909 евра. Од овие средства 425,259.00 денари ќе бидат наменети за набавка и инсталацијата на нови…

повеќе...

Отворено спортско игралиште во Подмоље

На пригодна свеченост и со финален фудбалски натпревар, вечерва во охридското село Подмоље беше ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште за фудбал, кошарка и одбојка. Игралиштето кое се протега на површина од 750 метри квадратни е добро осветлено, оградено и хортикултурно уредено со пристапни патеки и скали кои водат до новите навивачки трибини. Градоначалникот Никола Бакрачески кој вечерва се обрати пред присутните укажа на важноста од спортот и спортувањето, а најави и нови маалски и детски игралишта во градов. „Ова повеќенаменско игралиште за фудбал , кошарка и одбојка ќе внесе…

повеќе...