Денеска во просториите на АМС беа дел од параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја во РИО, но и тим кој од Светскиот куп во Хановер се врати со одлични резултати. Имено, златната олимпијка од Лондон 2012, Оливера Наковска Бикова се закити со средбрениот медал, додека пак бронзата беше највисокото одличје во екипна конкуренција на нашиот тим. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите…
повеќе...Tag: инвалиди
Успешно се реализира проектот за вработување 300 лица со инвалидност
Проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно. Голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Владата во континуитет реализира проекти со кои им се помага на ранливите категории граѓани со особен фокус на инвалидните лица. Токму поради тоа се реализира и проектот за вработување лица со инвалидност во јавната и државната администрација. Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани…
повеќе...Лицата со телесен инвалидитет и фудбалот со здружени сили за јакнење на победничкиот дух
ФФМ ја зајакнува својата определба за поддршка и придонес кон подобро општество со проектот „Капитени на промени“. Проектот „Капитени на промени“ е иницијатива на УЕФА за креирање на еднакви можност за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Фудбалската Федерација на Македонија истиот го поддржува и ќе го имплементира во Македонијана повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување…
повеќе...Тематска работилница од областа на здравството за лицата со телесен инвалидитет
„Мобилност Македонија”, во својата програма за грижа на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија, опфаќа повеќе сегменти на делување меѓу кои организација на тематски работилнци од областа на образованието, едукација, здравствена заштита и другo. Во организација на Мобилност Кичево, а со поддршка на Мобилност Македонија, викендов во Кичево се одржа тематска работилница со цел специфичната група „Мултиплекс склероза“ да добие повеќе информации од областа на здравството. „Предавачите беа исклучително квалитетни, презентациите кои ги интерпретираа пред нашето членство беа содржајни, и дадоа доволно информации за одредени чекори кои тие понатаму…
повеќе...