Промоција на „Избрани дела“ во 6 тома од Бранко Цветкоски

Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“, во среда (1-ви април) ќе се одржи промоција на „Избрани дела“ во 6 Тома од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 12:00 часот.

повеќе...

Канческа-Милевска го посети Саемот на книгата во „Матица македонска“

Богато македонско книжевно творештво и по достапни цени за сите граѓани нуди 16. Саем на книгата во „Матица македонска“, кој денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Саемот ќе таре до 31 јануари. Саемот и годинава, посочи министерката, традиционално е посветен на голем број македонски автори, што значи дека има зголемена македонска продукција односно зголемено македонско литературно творештво кое се издава од година во година. Саемот, според неа, овозможува секој ден да се има и директен контакт со одреден автор. Истакна дека Саемот е одлична можност да се купат…

повеќе...

„Бела книга“: Македонија атрактивна за инвестирање

Условите за деловно работење во Македонија се подобруваат, земјата и годинава повторно е меѓу најдобрите во регионот, атрактивна е за инвестиции и прави крупни промени во инфраструктурата, енергетиката, здравствениот систем,… Ова е оценката содржана во првата „Бела книга“ што денеска ја промовираше Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Во „Белата книга“ се опфатени ставови, предлози и сугестии на вкупно 110 странски компании присутни во Македонија. „Минатата и претходните години е сторено многу на економски план. Сепак, останува да се поработи на петте клучни предизвици – поголема предвидливост…

повеќе...

Во сабота ќе биде промовирана книгата „Полицијата и јавноста“ од Стефан Димоски

Во сабота, на 27 декември, во Ценатарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12 часот ќе биде промовирана книгата „ Полицијата и јавноста“ од м-р Стефан Димоски. Промотори на книгата ќе бидат проф.д-р. Томе Груевски и проф.д-р Стефан Буџакоски.

повеќе...

Утре ќе се промовира книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски

Во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски. Промотор на книгата ќе биде писателот Тоде Илиевски. Промоцијата на книгата ќе се одржи утре-петок, со почеток во 12:30 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“.

повеќе...

Утре ќе се промовира книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска-Илиевска

Во Националаната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид  ќе се одржи промоција на книгата „Златна лира “од Пандора Јовановска – Илиевска. Рецензент на книгата е доц. д-р Христо Петрески. Стихови ќе читаат: – Милан Крстевски (македонски јазик) – Јана Арсовска (француски јазик) – Маре Бошалева (англиски јазик) Музика: Кристина Љушкоска (флејта) Промоцијата ќе се одржи утре, со почеток во 18,00 часот, во Прличева одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев”- Охрид. Промоцијата е дел од годинешните празнувања кои ги организира Општина Охрид во чест на патронот на градот Св.Климент Охридски.

повеќе...

Ќе се промовира книгата „Фениксов допир“ од Даниела Илијоска

На 6-ти декември, во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата, „Фениксов допир“ од  Даниела Илијоска. Промоцијата ќе биде со почеток во 12 часот. Авторката Даниела Илијоска е родена во Охрид, 1979 година, по вокација е книжевник, а се занимава со аранжирање и сликарство. Има самостојна изложба на уметнички дела во Центарот за култура „Григор Прличев”-Охрид. Книгата „Фениксов Допир“ е нејзина прва поетска книга.

повеќе...

Ќе се промовира книгата „Последната приказна“ од Ели Радеска

Во изложбениот салон при Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи промоција на книгата „Последната Приказна“ од авторот Ели Радеска. Книгата ќе биде промовирана во недела, на 23-ти ноември, со почеток во 12:00 часот.

повеќе...

Промовирана книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Археолошкиот музеј на Македонија се обрати на промоцијата на книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“, од авторот Анета Фиданоска, прво публикувано издание на оваа национална установа кое низ впечатливата раскажувачка способност на авторката и низ прекрасните илустрации, не враќа многу години наназад. „Низ дванаесетте теми на оваа книга, сите ние имаме можност да се запознаеме со животот во минатото, да бидеме современици на нашите предци, да дознаеме малку повеќе за нивните навики, верувања, обичаи“, истакна министерката за култура пред присутните. Таа додаде…

повеќе...

Промовирана книга за културната дипломатија

Културната дипломатија, која е дефинирана како мека, софистицирана моќ во меѓународните односи, е малку позната област во Македонија и во регионот во однос на земји од Европа и светот во кои културната е претходница на политичката и на економската дипломатија. Тоа го поттикнало Васко Шутаров да ја истражува и да спореди како и колку највлијателните земји ја употребуваат културата за своето претставување во светот. Од 2006 година споредбено анализирал културни политики во надворешните односи на 30-ина земји и од тоа произлезе неговата студија „Јавна и културна дипломатија” која денеска ја…

повеќе...