95 години постоење и функционирање на Стопанската комора на Македонија

Денес, 17 февруари 2017 година, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од присуството на дел од влијателните, за Македонија, домашни и меѓународни економски и политички личности, на свечен и достоен начин и во работен дух, се одбележа 95 годишнината од постоењето и функционирањето на најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата, Стопанската комора на Македонија. Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки…

повеќе...

Регионална комора со седиште во Охрид – Презентирана програмата за работа и планираните активности за 2016

На 17-ти декември  во Охрид се одржа редовната седница на Регионалната комора со седиште во Охрид. Пред присутните беа презентирани Програмата за работа за 2016 година, како и планираните активности кои ќе се реализираат во текот на 2016 година. Поканетите членови од компаниите го дадоа својот придонес во оформувањето на подетални активности кои треба да се реализираат следната година, а се во насока на подобрување на економскиот амбиент во регионот. На седницата беше предложено интензивирање на контактите помеѓу членките на Стопанската комора на Македонија, со цел запознавање и претставување на…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со претставници на Македонско-Руската стопанска комора

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Македонско-Руската стопанска комора, по повод 10-годишнината од нејзиното основање. На средбата беа разменети информации за активностите на Македонско-Руската стопанска комора, како и за севкупната економска и трговска соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Упатувајќи честитки по повод 10-годишнината од основањето, претседателот Иванов изрази поддршка за активностите и иницијативите на Македонско-Руската стопанска комора, со цел натамошно унапредување на трговската размена. На средбата претседателот Иванов апелираше за изнаоѓање на начини и можности за зголемување на извозот на македонски производи во…

повеќе...

Новите ЕУ правила за означување на храната промовирани и пред членките на Стопанска Комора на Македонија

„Новите барања на ЕУ за означување на храната – законска обврска на домашните оператори со храна од јуни 2015 година“,беше тема на денешната прес конференција и работилницата која во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија се одржа денес за членките на Комората. Како што истакна м-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, домашните оператори со храна треба да бидат детално информирани за новите правила кои ќе се применуваат во Европската унија, како и за соодветните еквивалентни национални правила кои ќе се…

повеќе...

Меморандум за соработка помеѓу Царинската Управа и Сојуз на стопански комори

Соработката меѓу Царинската Управа на Република Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК),  беше официјализирана со потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Наташа Радеска Крстевска, директор на Царинската Управа и Данела Арсовска, претседател на ССК. Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација. Од септември годинава, Царинската Управа и ССК партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за…

повеќе...