Свеченост по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“. Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.

повеќе...

Ставрески: Со „Купи куќа-Купи стан“ државата помага за решавање на животно прашање

Има голем интерес за проектот „Купи куќа – купи стан“, преку кој државата на лицата кои немаат многу пари им помага да го решат своето животно прашање и да дојдат до сопствен дом. Досега ова прашање со финансиска помош на државата во висина од околу 2,5 милиони евра го решиле околу 340 лица. Поради интересот проектот ќе продолжи и наредната година, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на првиот саем организиран за овој проект. „Очигледно интересот е огромен бидејќи се работи за многу добар проект…

повеќе...

Прв саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од 24-ти до 28-ми овој месец во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом. Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните…

повеќе...

Двајца кичевчани извршиле тешки кражби во куќи во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против едно малолетно лице од Кичево и Б.Ч. (18) од кичевското село Брждани. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека заедно сториле две казнени дела „Тешка кражба“. Двајцата, од две куќи на улицата „Париска комуна“ во Охрид одзеле 400 евра, 300 американски долари, 2000 српски динари, мобилен телефон, алкохолни пијалоци и еден детски велосипед. Пријавените, во текот на март годинава преку кров од соседна барака со физичка сила успеале да го скршат таванот и да направат отвор преку кој влегле…

повеќе...

Патинирана традиција во куќата на Робевци

Со наслов „Патинирани цитати” сабота, (2-ри август) од 19,00 во Куќата на Робевци-Охрид ќе биде отворена изложбата на Мирчо Матевски – Рисимкин. Изложбата ќе ја отвори професор д-р Иван Џепаровски, од Институтот по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. „Геометризмот на Мирчо Матевски целосно е втопен во традицијата. Правоаголниците, триаголниците и круговите Матевски ги претставува дводимензионално, како во платната „Патот на тајната книга“ (2012), „Белиот ангел“ (2012) или „Враќање“ (2010). Со тоа не само што се поврзуваат за светската уметничка традиција на геометризмот во сликарството, туку се надоврзуваат и на…

повеќе...

Груевски: „Купи куќа – купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа – купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски. За новите поволности за „Купи куќа – купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и…

повеќе...