„ТАВ“ промовира нов лет од Охрид до Цирих со „Германија флуг АГ“

Предводени од маркетинг-одделот во Истанбул, „ТАВ Аеродроми“ ги заврши преговорите со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“ за воведување директни редовни летови од Охрид до Цирих. Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“, а летовите ќе отпочнат на 17 декември. Тие се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“ и билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com. Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се…

повеќе...

Чартер летови од Варшава до Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, на денешната средба со сопственичката на полскиот тур-оператор „ Рего Бис“ , Габриела Манка-Сокули, беше информиран дека во месеците јули и август, оваа компанија воведува чартер линија од Варшава до Охрид и обратно. Доколку, првата година биде успешна полскиот тур-оператор најави зголемување на чартер летовите и бројот на туристите. „Општина Охрид, го поздравува деловниот потфат на „ Рего Бис“ и стои на располагање за помош околу промоцијата на Охрид на полскиот туристички пазар. На саемот што ќе се одржи во Варшава од 22 до 24 ноември 2016…

повеќе...

„Аустриан ерлајнс“ одбележа 20 години од првиот лет Виена – Скопје

Со церемонијален воден мост за леталото и чоколадни „Моцарт-кугли“ за патниците, „Аустриан“ и „ТАВ“ ги прославија двете децении од 31 март 1996 година, кога авиопревозникот го реализира првиот лет меѓу главните градови на Австрија и на Македонија. Авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ и операторот на македонските аеродроми „ТАВ“ денеска на „Александар Велики“ ја одбележаа 20-годишнината од првиот лет Скопје-Виена. Со церемонијален воден мост за леталото и чоколадни „Моцарт-кугли“ за патниците, беа прославени двете децении од 31 март 1996 година, кога авиопревозникот го реализира првиот лет меѓу главните градови на Австрија и на…

повеќе...

„Чех Ерлајнс“ и „ТАВ Македонија“ го реализираа првиот лет од обновената редовна линија Скопје – Прага

Со традиционален поздрав со воден мост, овој петок, рано изутрина „ТАВ Македонија“ посака добредојде на првиот лет од Прага до аеродромот „Александар Велики“ со што, по пауза од четири години, заедно со „Чех ерлајнс“ се обнови редовната линија меѓу Скопје и главниот чешки град. Леталото во три часот истото утро замина за Прага и на тој начин беше реализиран и првиот повратен лет помеѓу двете дестинации. „Особено сум задоволен што нашата намера да се обнови редовната врска меѓу Скопје и Прага, што официјално ја најавивме на почетокот на декември, се…

повеќе...

Од октомври директна авиолинија Скопје-Доха

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавува директна авиолинија Скопје-Доха од октомври годинава. Официјален допис за новиот лет авиокомпанијата доставила вчера до македонското Министерство за транспорт и врски. Ресорниот министер Владо Мисајловски денеска изјави дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата и оти очекува од октомври да се реализира најавата. „Сакам да се заблагодарам на амбасадорот на Катар и на сите со кои соработувавме во последните месеци, што веднаш ги прифатија барањата“, изјави денеска ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој додаде дека за воспоставувањето на летот значајна била средбата што ја остварил при…

повеќе...

ТАВ најави нови летови на аеродромот во Охрид

„ТАВ Македонија“ најави значаен развој и нови летови на аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, во текот на 2016 година. Еден од најголемите туристички оператори „Томас Кук“ за престојното лето ќе почне да организира чартер-летови до Охрид. Новина за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” се и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија ќе придонесат за поголем прилив на туристи. Од компанијата оценуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром, но и за скопскиот. „Забележавме…

повеќе...

Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“

Еден од најголемите и најстари тур-оператори во Европа, групацијата „Томас кук“ од идната година официјално почнува да работи и со Македонија. Ќе организира чартер летови Белгија – Охрид и сместувања во Охрид, соопштија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски. Договорите со нашите хотелиери, вкупно 16, се веќе потпишани и од наредната недела ќе бидат достапни на интернет страницата на „Томас кук“ за резервирање. Деталите околу летовите и аранжманите воопшто ќе бидат подоцна дефинирани, но извесно е, како…

повеќе...

Како и каде може да се управува со беспилотно летало на македонското небо?

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 20.01.2015 година донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на Република Македонија бр13/2015), со која се пропишуваат условите кои е потребно да ги исполнуваат операторот на воздухоплов без екипаж, како и самиот воздухоплов без екипаж. Имено, беспилотните летала, повеќе не ќе можат да летаат на македонското небо без преходно добиена дозвола и да бидат пријавени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и давателот на услуги за воздухопловна навигација. Познатите дронови, ќе можат…

повеќе...

До пет нови дестинации во Европа за 20 до 30 евра

По цена од 1.799 денари (30 евра) од 30 јуни годинава нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота. По таа цена македонските граѓани од 29 јуни ќе може да патуваат и од Скопје за Осло. Покрај тие две дестинации, согласно договорот на македонската Влада за субвенционирање нискобуџетни летови, „Визер“ воведува дестинации од аеродромот „Александар Велики“ до Хамбург и до Нирнберг секоја среда и недела од 1 јули годинава по цена од 1.499, односно 1.199 денари. За Фридрихсхафен, исто така од крајот на јуни „Визер“…

повеќе...

Потпишан тригодишен договор со „Визер“ за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии

Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната авиокомпанија „Визер” за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид за период од 2015 до 2018 година. Имено согласно договорот, Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе…

повеќе...