Во знак на почит кон охридскиот писател Живко Чинго во неговото родно место Велгошти, на спомен – обележјето во атарот на манастирот „Св. Петка“ утревечер по 28 пат ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Манифестацијата е во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко Чинго по што се очекува обраќање на претставник од општина Охрид. Беседа за писателот ќе одржп Јордан Плевнеш, а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели…
повеќе...Tag: манифестација
Емилија Карафилоска е авторот на првонаградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Охриѓанката Емилија Карафилоска е авторот на годинешниот најдобар расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Емилија е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години. Има учествувано на многу литературни конкурси на кои освоила неколку први места. Првонаградениот расказ со наслов „ Т.чка на агонија “ може да го прочитате тука.
повеќе...Започнува пријавувањето за годинешната „Охридска софра“
На 3ти септември (сабота) во с. Скребатно традиционално ќе се одржи Mанифестацијата „Охридска Софра” каде што на гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од туристичка понуда на охридскиот регион. Манифестацијата претставува промотивен настан на традиционален рецепт за подготовка на познатото охридско ѓомлезе, а истовремено и одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини. Овој настан ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при…
повеќе...Заврши четвртото издание на Фестивалот „ДримON“ – ја носи Струга на мапата на креативни градови
Четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ донесе свежина на струшката културна сцена, каква што одамна недостасуваше. „ДримON“ ја „дигна од мртвите“ и им покажа на стружани и на сите останати посетители дека жед за култура и уметност има, а организаторите, Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) знаат како да понудат вистинска содржина. Најголемите познавачи коментираа дека градот им личи како да е во најубавите времиња од Струшките вечери на поезијата. Публиката, не само што учествуваше како гостин на многубројните содржини, дебати, изложби, работилници, проекции на филмови, театар, концерти…
повеќе...Трето издание на „Илинденска вечер во Елшани“
Во охридското село Елшани, утре на 2ри август ќе се одржи третото издание на културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. За оваа година, предвиден е настап на културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид и пејачот Спасен Силјаноски од Кичево. „Со организацијата на вакви настани сакаме да ја збогатиме културната и туристичката понуда на Елшани, а истовремено да ги промовираме неговите посебни вредности пред гостите од Македонија и од целиот свет, “- велат од Месната заедница на Елшани. Во чест на верскиот празник Свети Илија ќе се служи и света божествена литургија, со…
повеќе...Претпоследен ден на „ДримON“ – Во Абсентиа Самите да се избориме за вистинска култура во медиумите
Преиспитување на вредносните системи на денешнината, потошувачка наместо мисла и промисла, улогата на медиумите, агресијата на рекламите во капитализмот, и секако, културата, гледана од повеќе аспекти, манипулацијата преку медиумите, концептот „направи сам“, беа клучните сегменти на кои се задржаа учесниците на последната дебата на Фестивалот за процесирање култура „ДримОN“, која се одржа вчеравечер (сабота, 30 јули) пред голем број заинтересирани посетители. Дебатата ја модерираше новинарката и активистка Ана Јовковска, а учесници беа Небојша Вилиќ, Влатко Галевски и Звонко Наумоски, додека публиката, исто така активно се вклучуваше во расправата. Јовковска даде…
повеќе...Трет ден на „ДримON“ – Сираци на татковината Книжевното и музичкото (независно) издаваштво – два паралелни универзума
Дебатата на третиот ден на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, кој се одржа вчера, 29 јули, ги опфати прашањата за независното издаваштво во два сегменти – книжевно и музичко издаваштво. На Летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, публиката имаше можност да чуе и да се вклучи во разговорот кој го модерираше Виолета Качакова, со панелистите Владимир Јанковски, Мирко Попов и Александар Видиновски. Главните точки за коишто се дебатираше беа компарацијата на музичкото и книжевното новинарство, можностите како автор и дистрибуцијата на материјалот. На почетокот на дебатата,…
повеќе...Заврши петтото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца
Со настапот на Викторија Чочороска од Вевчани студенетка по соло пеење на ФМУ во Скопје во придружба на Алмин Бајрамоски и познатиот афористичар Сашо Бетоски од Вевчани вчеравечер во Трпејца беше заокружено петтото издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ. Афоризмите на Бетоски не оставија никого рамнодушен во публиката која уживаше и во настапот на Чочороска и нејзината одлична изведба на македонски и низа странски хитови од забавната музика, додека во вториот дел од концертот изведе неколку стари македонски народни песни по кои присутните побараа таа да пее на бис. Гостувањето на…
повеќе...Трпејца „дише“ со културно забавното лето „На Зајдисонце “
Петтото издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ е примено со посебни симпатии меѓу мештаните и гостите во Трпејца. Атрактивните и бесплатни настани и школи привлекуваат многу деца, млади и возрасни кои сакаат активен одмор. Во саботата на плажата во Трпејца беше организиран натпревар во фаќање риба на јадица, а продолжија и школите по англиски и цртање. Посебен интерес кај туристите и воодушевување предизвика Вечерната променада со кајче по езерото. Млади музичари од Охрид а со нив и гостинчиња од Кавадарци и Франција во кајче пловеа крај брегот и свиреа познати дела…
повеќе...УСАИД го поддржува четвртото издание на Фестивалот „ДримON“ во Струга
Четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура, „ДримON“, организиран од Иницијативата за независен културен активизам (ИНКА) и овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД ќе се одржи во Струга од 27 до 31 јули. Фестивалот, кој годинава повикува „Крени уши“, ќе се одвива во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе понуди сцена за изразување различни прогресивни погледи, ќе разгледува поинакви пристапи на активизам и ќе инспирира критична демократска мисла на граѓаните. „ДримON“ ќе понуди засолниште од хипокризија, дискриминација, културна деградација и сите видови вируси…
повеќе...