На 30-ти август (недела) во село Скребатно традиционално ќе се одржи манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува промотивен настан на традиционални рецептури за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и друга традиционална храна. Манифестацијата претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид. Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за третонаграденото 3.000 денари. За таа…
повеќе...Tag: манифестација
Концерт на ОМУ „Методи Патче“ во рамки на „На зајдисонце“ во Трпејца
Седмиот ден од манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца помина во знакот на целовечерниот концерт на Основното музичко училиште „Методи Патче“ спонзориран од „Македонија 2025“. „Соработката помеѓу ОМУ „Методи Патче“ и „Македонија 2025“ започна пред три години на Инвестицискиот самит одржан во Охрид. Во катедралната црква „Света Софија“ младите охридски музичари одржаа свечен концерт за сите учесници на самитот, по што следната година следеше уште еден донаторски концерт од кој музичкото училиште доби чек во вредност од 5300 американски долари за набавка на нови инструменти. Концертот во Трпејца е наша благодарност…
повеќе...„Топол културен бран“ со многу содржини викендов
Во општина Могила овој викенд пред платото на Домот на културата со почеток во 21 часот граѓаните ќе можат да проследат две филмски остварувања. Имено во сабота за младата популација ќе биде прикажан филмот „Antboy“, додека во недела пак, присутните ќе можат да уживаат во филмската комедија „Song’e Napule“. Со цел промоција на новото туристичко лого, на 25 јули во Дојран граѓаните ќе можат да се забавуваат и да добијат награди во рамките на настанот насловен „Сликај се со логото на Дојран и добиј награда преку цел ден“. Настанот ќе…
повеќе...По четврти пат „На зајдисонце“ во Трпејца
Синоќа на летната сцена „Кај бунарот“ во село Трпејца започна четвртото издание на културно –забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015. Случувањето беше отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел Целкоски кој потекнува од Трпејца по што на сцената по традиција настапи охридската група „Билјана“. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, која е покровител на оваа манифестација бројната публика ја поздрави советникот Климе Шешоски кој истакна дека со случувањето Трпејца добива нова димензија на активно летно уживање. „Општина Охрид, со поддршката на вакви манифестации,покажува…
повеќе...„На зајдисонце – 2015“ во Трпејца
Од утре до 28-ми јули во Трпејца по четврти пат ќе се одржува културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015. Организатор на манифестацијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е под покровителство на Општина Охрид. Според организаторите манифестацијата ја постигнува целта – раздвижување на луѓето во насока на развој на културниот туризам, а истовремено расте и интересот на гостите, токму за време „На зајдисонце “ да се во Трпејца. На летната сцена „Кај бунарот“ новото издание „На зајдисонце“ во 20 и…
повеќе...Започнува „Баскерфест“ 2015
На Градскиот плоштад и плоштадот Чинар, денес, со почеток во 19 часот започнува ширењето на позитивната енергија од артистите на „Баскерфест“. Први од караванот на среќата кои ќе настапат на Градскиот плоштад се бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ќе ја загреат атмосферата, а таа ќе продолжи со акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull следуваат настапите на „Mostacho“ , ,,Denda Jorge Martin”, жонглерите ,,Spinus”, ,,Carota Payaso”, понатака следува „Parkur”, фајар шоуто на „Golden Branch” и за крај на првиот…
повеќе...Конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за наградата за најдобар расказ. Услови за учество на Конкурсот: 1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок; 4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2015…
повеќе...Објавена програмата за манифестацијата „Бело лето 2015“
Со промотивната културно-забавна манифестација „Бело лето” што ќе се одржи на четврти јули и годинава во Охрид официјално ќе стартува летната туристичката сезона. Случувањето започнува со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад во Охрид. „На малиот плоштад, на Долна порта ќе имаме промоција на традиционалните занаети и вештини, овој пат во соработка со неколку невладини организации, здруженија на занаетчии, ќе имаме презентација на рачно изработени накити, ракотворби и др, занаетчиски производи, што исто за гостите ќе претставува една добра можност да видат и да се запознаат со сето она…
повеќе...Со идеите на граѓаните до подобар Охрид
Како дел од отчетното, транспарентно и одговорно работење на градоначалникот Никола Бакрачески, а во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање на политики, општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“ организира „Ден на идеи“. Градоначалникот Бакрачески заедно со директори од охридските јавни претпријатија, раководители на сектори и одделенија и стручни лица од службите на општина Охрид ги слушаше идеите , предлозите или сугестии кои им ги даваа охриѓани а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на општина Охрид.…
повеќе...Изложба на украсни птици во Охрид
Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ денес во холандскиот парк во Охрид се одржа манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. На случувањето, со свои уметнички креации учествуваа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата е под покровителство на општина Охрид, а ќе трае во текот на целиот ден. WebOhrid
повеќе...