Целосно е обновен вредниот фрескоживопис во манастирот „Св. Пресвета Богородица“ во с. Велушина, Битолско

Почитувани, Целосно е обновен вредниот фрескоживопис во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велушина, Битолско, исклучително значаен споменик на културата кој поседува хронолошки сликарски слоеви од 12 до 19 век. Ова го соопшти минисерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на денешната посета на Велушина каде од страна на директорот на Завод и музеј Битола и стручната екипа се информираше за текот на реализацијата на целиот проект. Канческа-Милевска истакна дека е сочуван еден многу редок и особено колоритен фрескоживопис со огромна културна вредност. Таа потсети дека на процесот на…

повеќе...

Заврши ревитализацијата на манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид

Со пригодна свеченост денеска беше одбележано завршувањето на седумгодишниот проект за конзервација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД, со кој е возобновен сјајот на еден од најзначајните средновековни споменици во Република Македонија, но и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Kонзерваторскитe зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е и нов покрив, нов дренажен систем,…

повеќе...

Владин тим во Брисел го претстави напредокот во Македонија пред издавањето на извештајот на ЕК

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, заедно со заменик-министерот за правда Биљана Бришковска-Бошкоски и државниот секретар за европски прашања Ана Блажевска се во дводневна работна посета на Брисел, каде во очи на претстојното објавување на прогрес-извештајот на Европската комисија за Република Македонија, се сретнаа со голем број високи претставници на Европската унија, на кои директно им го претставија напредокот во македонската држава во повеќе области. Во Европскиот парламент, трите владини претставнички се сретнаа со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл и со европратеничката и претседател на „Групата…

повеќе...

Министерката Канческа – Милевска изврши увид во градежните активности на Плаошник во Охрид

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска во рамки на посетата на Охрид оствари работна средба со директорот на „Завод и музеј – Охрид“ Тања Паскали – Бунташеска. Заедно извршија и увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Таа изрази задоволство од динамиката и квалитетот на градежните активности што се во тек, како и за начинот на кој се спроведуваат истите, притоа нагласувајќи ја особената грижа што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник…

повеќе...

На скопско Кале откриени над 13.400 археолошки предмети

Сите предмети се конзервирани и веќе се поделени во три збирки кои ќе бидат изложени во трите музеи на Кале. Музејот на праисторијата и музејот на отоманскиот период кои се целосно завршени, и музејот на средновековниот период, кој е во фаза на изградба … Процесот на археолошки истражувања на Скопската тврдина Кале е целосно завршен и притоа се откриени над 13.400 предмети од различни периоди, од кои 4.527 монети, изјави Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Министерката Канческа Милевска денеска го посети археолошкиот локалитет на Кале и изврши увид во…

повеќе...

Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на денешната промоција на делата во Скопје, истакна дека едицијата ќе го збогати образовниот процес во нашата држава, ќе овозможи на младата популација да го подигне нивото на својата едукација, а особено ќе помогне за поставување на основите на процесот на развивање и унапредување на научната терминологија на македонскиот јазик како неопходен инструмент на научната и филозофката дејност. „Уверена сум дека преку едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и другите капитални проекти кои ги реализиравме во изминатиот период сите ние…

повеќе...

Свечена академија и „Бела ноќ“ во пресрет на Денот на независноста

Свечена академија и концерт со револуционерни песни се централни настани со кои годинава ќе бидат одбележани 25 години независност на Република Македонија. Ќе бидат одржани во Македонскиот народен театар во среда вечерта, во пресрет на државниот празник 8 Септември. Тие ќе бидат дел од „Бела ноќ“ во која националните и локалните институции од културата во Скопје и во другите градови ќе се вклучат со настани бесплатни за посетителите. Нив денеска на прес-конференција ги соопштија министерката за култра Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. На свечената академија на 7…

повеќе...

Пет години постоење на Музејот на македонската борба

Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија. Секоја година Музејот го посетуваат по околу 50 високи државни делегации, а годишно во него се одржуваат меѓу 150 и 200 настани, од кои триесетина се во негова организација. Во петте години постоење Музејот стана и полноправна членка во меѓународни асоцијации, воспостави соработка со сродни институции и доби две високи интернационални признанија –…

повеќе...

Канческа-Милевска на снимањето на филмот „Жртва“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска присуствуваше на снимање клапа од филмот „Жртва“, во режија на Марија Џиџева. Станува збор за копродукциски проект меѓу Македонија и Србија, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, согласно Програмата за финансирање филмски проекти од национален интерес за 2015 година. „Ова е прво долгометражно остварување на режисерката Џиџева, која има реализирано огромен број документарни и кратки филмови. Со нејзините остварувања има огромни успеси, и за неа и за Република Македонија“, рече Канческа-Милевска. Во периодот од 2008 до 2015 година, преку Агенцијата за филм…

повеќе...

Привршува конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Привршува проектот за конзервација и ревитализација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга. Увид во активностите денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која оцени дека се работи за многу богат и колоритен фрескоживопис, кој ретко може да се види во другите наши цркви. „Станува збор за доста специфична работа. Фрескоживописот во црквата се простира на површина од 600 метри квадратни. Доста е сочуван, но пред реставрацијата целиот беше во темна боја. Сметавме дека е од огромна важност да се конзервира и целосно да се ревитализира“, истакна Канческа-Милевска. Појасни…

повеќе...