Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски денес се обрати на Конференцијата во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, насловена како „10 години Закон за еднакви можнсти на мажите и жените: финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“. Повод за организирање на Конференцијата беше одбележување на „Меѓународниот ден за правата на жената 8-ми Март“ и одбележување на 10 години од усвојувањето на првиот Закон за еднакви можности…
повеќе...Tag: министерка
Минстерката Канческа-Милевска го посети Театар Комедија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Театарот Комедија, во чиј објект во моментов функционираат Албанскиот и Турскиот театар и се сретна со директорите Јелена Жугиќ, Адем Карага и Атила Клинче. „Во Македонија има голем број инвестиции во театарската уметност. Во моментов се градат нови театри. Почната е реконструкцијата на Албанскиот театар, а се гради Турскиот театар. По вселувањето на Македонскиот народен театар во новиот објект и по добивањето на овој простор на Театар Комедија, и овде се направија голем број реконструкции,“ рече Канческа-Милевска. Додаде дека со директорите разговарале…
повеќе...Ташевска-Ременски: Управниот суд ги отфрли тужбите и времените мерки од дополнителниот заменик министер Спасов
Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите информираше дека Управниот суд ги отфрли тужбите и времените мерки од дополнителниот заменик министер Диме Спасов како беспредметни. „Добивме Решение од Управниот суд со кое тужбата и предлогот за времена мерка на дополнителниот заменик министер Диме Спасов против министерот за труд и социјална политика се отфрла како беспредметна. Станува збор за тужбата и Решението за времена мерка со кои Диме Спасов во својство на тужител ги спореше решенијата за разрешување на директор и именување на вршител на…
повеќе...Министерката за култура во работна посета на Република Турција
Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска престојува во работна посета на Република Турција каде што утрово имаше официјално обраќање на втората конференција на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа која се одржува на темата „Зајакнување на културата за одржлив развој“. Во своето обраќање пред присутните, министерката за култура потсети дека Република Македонија во 2014 година ја имаше честа да биде домаќин на првиот состанок на министрите за култура од Југоисточна Европа, на кој беше промовирана заедничката платформа која во иднина треба да резултира со проекти кои уште повеќе ќе…
повеќе...Зголемена продукцијата на претстави во МОБ, ќе се реновира големата сала
Реновирање на големата сала на Македонската опера и балет најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која денеска ја посети оваа национална установа … Изработен е проект со кој е предвидено: реконструкција на подот и на електричната инсталација, замена на сите (околу 850) седишта во гледалиштето и поставување лед-екрани за претставите. Во март ќе биде објавен тендер за избор на фирма изведувач, а зафатот би се реализирал од јуни, кога во МОБ ќе нема изведби. Министерството ќе поддржи и промена на светлосната опрема во МОБ на што укажаа директорите на установата…
повеќе...Нов покрив и музејска поставка за 40-от роденден на Кинотеката на Македонија
Следната недела институцијата ќе објави тендер за избор на фирма која ќе ја врши реконструкцијата на покривот. По завршување на покривот, ќе се пристапи кон проектот што го започнавме претходата година – реновирање и реконципирање на музејската поставка на влезната партија во Кинотеката. Со неколку проекти, Кинотеката на Македонија годинава ќе одбележи 40 години постоење, кои ќе ги промовира на два значајни датуми - на својот роденден во април и на 27 октомври кога се одбележува Светскиот ден за заштита на аудиовизуелното наследство. Нив денеска ги најави министерката за култура…
повеќе...Министерката Ташевска-Ременски ја посети градинката „Гонџа“ во состав на „Јахја Кемал“
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети приватната детска градинка „Гонџа“, организирана како организациона единица во состав на ПСУ „Јахја Кемал“-Македонија, а која започна со работа во ноември 2015 година. На средбата со генералниот директор на ПСУ “Јахја Кемал”- Македонија, Мухамед Бахче, министерката беше запознаена со работењето на оваа образовна установа, посебно со начинот на функциорањето на градинката и процесот на воспитание и образование кој се спроведува во истата. Воедно, таа направи и обиколка на приватната детска градинка „Гонџа“, која што располага со три простории наменети…
повеќе...Универзалната сала ќе се реконструира и прошири
Универзалната сала во Скопје, преименувана во Конгресен центар Александар Македонски ќе се реконструира и прошири со одделни придружни содржини, наместо да се гради нов објект на тоа место како што беше планирано и избрано идејно решение … Ова денеска го најавија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Одлуката е донесена на седница на Влада и се очекува реконструкцијата да чини околу 15 милиони евра, што е значително помалку отколку проектот за изградба на нов објект во вид на јајце кој ќе чинеше од…
повеќе...Средба на Ташевска-Ременски со мониторинг комисијата на Совет на Европа
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (мониторинг комисија). Во состав на делегацијата беа Лиза Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија; Валериј Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Република Молдавија, Група на Европски народни партии, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија и Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Мониторинг Комисијата на ПССЕ. Главни теми на дискусија беа имплементација на Спогодбата од јуни 2015…
повеќе...Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството
Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите. При посетата на Домот за доенчиња и мали деца, Ташевкса-Ременски посебно се интересираше за здравствената грижа и состојбата на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување. Министерката посетата на Домот…
повеќе...