МКФ: Котизацијата е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на членовите, играчите и нивните родители

Македонската кошаркарска федерација, излезе со соопштение со кое упатува апел до родителите на младите кошаркари и кошаркарки во врска со плаќање на котизациите за учество во младинските лиги. „Со овој допис, сакаме да ја информираме сета јавност во Република Македонија дека котизацијата која се плаќа за учество во една лига е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на неговите членови односно играчи како и нивните родители. Кошарката е спорт кој треба да биде достапен за сите деца подеднакво, а не луксуз на поединци. Клубовите треба да овозможуваат…

повеќе...

Билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово нема да бидат пуштени во продажба

Македонската кошаркарска федерација ја известува македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денес беше донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба. Македонската кошаркарска федерација и се извинува на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“. Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но…

повеќе...

МОК и МКФ со преноси од натпреварите во организација на МКФ

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ (YouTube каналот) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска). Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ сè со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот. Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека…

повеќе...

МКФ со апел до сите хумани луѓе за помош на Стеван Гешоски

Македонската кошаркарска федерација упатува јавен апел до сите хумани луѓе на просторите на Република Македонија. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички како и поранешен технички директор на македонската репрезентација, Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица од ударот поранешниот кошаркар има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Првичниот третман од физикална терапија речиси и да не помогнал, па лекарите на Стеван Гешоски му препорачале операција со која…

повеќе...

Александар Костоски и Нена Трајчевска – најдобри македонски кошаркари за 2016 година

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници, легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Наградата најдобар кошаркар на Македонија за 2016 година заслужено претседателот на МКФ, Петар Наумоски му ја врачи на првиот…

повеќе...

МОК и МКФ потпишаа Договор за соработка

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски денес потпишаа Договор за соработка со кој МОК, во следниот Олимписки циклус, интензивно ќе ја помога МКФ, пред се, во насока на обука на тренерскиот кадар. Овие проекти, за кои МОК веќе обезбеди финансиски средства во износ од 60,000 американски долари, ќе започнат да се реализират во 2016 година и се однесуват на обезбедување на следните проектни активности: Бранко Андриевски, координатор на младинските категории на МКФ, ќе престојува во Олимпискиот центар во Коларадо…

повеќе...

МКФ ќе ја испитува можноста на чело на репрезентацијата да се врати Докузовски

УО едногласно ја поздрави Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација, а се очекува во иста насока да се развие исоработка со Словенечката Кошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД. Распуштање на Стручниот штаб на Сениорската репрезентација и формирање на тричлена комисија која што ќе ги испитува можностите Марин Докузовски повторно да ја преземе работата со сениорите, се дел од одлуките на седницата на Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржана на 26ти октомври. Стручниот штаб е распуштен и покрај прифатените извештаи на досегашниот…

повеќе...

Пролонгиран стартот на Втората кошаркарска лига

Здружението на клубови од втора лига мажи денес одржа седница во просториите на МКФ во Скопје. Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, но и поради неплатена котизација на дел од клубовите, стартот на Втората машка кошаркарска лига е пролонгиран. Ждребот за натпреварите за сезоната 2015/2016 е закажан во вторник (20 октомври). WebOhrid

повеќе...

Втората машка кошаркарска лига ќе добие нов распоред на натпревари

Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, Здружението на клубови од втора лига мажи свика седница на која ќе биде направен нов распоред на натпревари за сезоната 2015/2016. → СЕДНИЦА ← Седницата ќе се одржи утре (15 октомври) со почеток во 13:00 часот во просториите на МКФ во Скопје. WebOhrid

повеќе...