Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…
повеќе...Tag: мотори
Викендов стартува традиционалното 24-то моторели „Македонија независност 2015“
Денес, во просториите на АМС директорот Марјан Спасески имаше прием на организаторите на 24-тото традиционално меѓународно рели „Македонија независност 2015”. Претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски, го запозна директорот Спасески за тековните подготовки и целокупната организација на ова рели, кое годинава ќе има и хуманитарен карактер. „Драго ми е што традицијата продолжува и Мотоциклистичката федерација се вклучува во спортските настани за одбележување на државниот празник “8-ми Септември”. Искрено се радувам што годинава, покрај ревијалниот, мото релито ќе има и хуманитарен карактер и ќе добие димензија на привлекување на…
повеќе...„Безбедно на мотор“ – заедничка патрола од полициски службеници и моторциклисти
Во рамките на превентивната кампања „Безбедно на мотор“, вчера Секторот за внатрешни работи Охрид реализира заедничка патрола составена од полициски службеници и моторциклисти -членови на мото клубот „Охрид“. На пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, беше поставен сообраќаен безбедносен пункт при што на моторциклистите, возачите на велосипед со мотор и возачите на мопеди како ранлива категорија учесници во сообраќајот, им беа делени едукативни флаери со низа совети за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот како ефективен начин да се избегнат и намалат сообраќајните незгоди. При заедничката патрола, полициски службеници…
повеќе...Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче
Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот. Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid
повеќе...Македонија e идеална земја за мото-туризмот
Италијанскиот магазин „Motociclismo”, кој е еден од најстарите во светот, прослави 100 години постоење со патување низ Македонија. По овој повод денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира средба со група од 12 моторџии меѓу кои и директорот на магазинот „Motociclismo”. Тие се во посета на Македонија, земја за која, како што велат, имa идеален амбиент за оваа турнеја и освен што е погодна за мото-туризам, има голема историја и туристичка идентитет. „Македонија нуди специјални тури, различни од вообичаените“, смета директорот на „Motociclismo“, уверен дека тие ќе бидат…
повеќе...Македонија земја домаќин на мото-тура за претставници на Магазинот „Motociclismo” од Италија
Денес, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оддржа прес конференција на која објави дека имаме задоволството Македонија да биде домаќин на информативно патување за претставници на Магазинот „Motociclismo” едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот кое одбележува 100 годишен јубилеј со патување низ нашата земја. Република Македонија како земја домаќин ќе добие максимална видливост и шанса да достигне илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и статија на најмалку 40 страници. Ќе се сними и високo квалитетнo видео за промотивни цели кое ќе се прикажува…
повеќе...