Норвешки туроператори во посета на Македонија

Норвешки туроператори беа во посета на Македонија, во текот на изминатиов викенд, кои беа предводени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија. Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS, Aktive Fredsreiser, Travel for peace, но и туристичка асоцијација ANTOR остварија средби со 30 компании од приватниот сектор на Р.М. Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, и тоа најмногу со:…

повеќе...

Државата ќе субвенционира летови кон Шпанија и Норвешка

Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник. „Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе…

повеќе...

Раководството на СДСМ оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска остварија средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг. На средбата се разговараше за односите помеѓу Кралството Норвешка и Република Македонија, за актуелните состојби како и за политичка ситуација во земјава. Амбасадорот Рагнар Камсваг истакна дека Норвешка е долгогодишен стратешки пријател на Македонија. Тој изрази загриженост за состојбите во Македонија и за тензиите што влијаат врз меѓуетничките односи. Претседателот Заев укажа на сериозноста на политичките пресметки меѓу коалиционите партнери од власта. Политиките на поделби и национализам…

повеќе...