Пиштар Лутфиу ја презеде функцијата министер за образование и наука

Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми. „Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму”, посочи Лутфиу. Досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука. „Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите…

повеќе...

Јавен повик за интерес за доставување на адаптирани учебници од странство за основно образование

Врз основа на член 13-б став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува ЈАВЕН ПОВИК за интерес за доставување на адаптирани учебници од странство за основно образование (1) Предмет на јавниот повик: Доставување на барање за одобрување на адаптиран учебник од странство на учебници за следните наставни предмети: – Математика за VII одделение на…

повеќе...

Продолжува проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

Претставници на американската агенција УСАИД, Локалната самоуправа и членови на Советот на општина Охрид, на денешната средба разговараа за реализирањето на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Беше оценето дека во општина Охрид, проектот успешно се спроведува и дека и натаму продолжуваат активностите за меѓуетничка интеграција во образованието. На средбата се разговараше за реализирање на акциониот план и деталните акциони планови во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, редовната комуникација со тимовите, состаноци со координаторите и внесување на промените во годишните програми за работа во училиштата кои се…

повеќе...

Министерот Адеми во посета на Кралството Норвешка

Делегација од министерството за образование и наука, предводена од министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, на покана на Нансен дијалог центарот, се наоѓа во дводневна посета на Кралството Норвешка. Денес, министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми го посети Кубен, најголемото и најпознато стручно училиште во Осло, каде одблизу се запозна со наставните планови и програми за работа на ова училиште, како и со образовните политики кои ги презема Кралството Норвешка во однос на оспособување кадри, потребни на стопанството. Токму оваа училиште додели донација за електротехничките кабинети…

повеќе...

Нови инфраструктурни инвестиции во високото образование

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик министерот Спиро Ристовски и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес беа во посета на студентскиот дом „Невена Георгиева- Дуња“ кој што, поради дотраеност на објектите не е во функција повеќе од две години, а на чие место, следната година ќе започне изградбата на целосно нов објект. Согласно веќе изработеното проектно решение, новиот студентски дом на местото на старите бараки, ќе има капацитет за сместување на 350-400 студенти, како и нова спортска сала. Освен нов “Медицинар” во следниот период, како…

повеќе...

ДУТ прослави 21 година од основањето

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на свечена академија која се одржа по повод 21 година од отворањето на Државниот Универзитет во Тетово. „17 Декември е значаен ден во историјата на Албанците во Македонија. Токму на овој датум, се потпиша најважниот чин на образованието и науката на Албанците во овие територии – Одлуката за основање на Универзитетот на албански јазик во Тетово“, истакна министерот Адеми во своето обраќање, напоменувајќи дека само преку образованието на мајчин јазик, може безбедно да се чекори кон унапредувањето на позицијата на Албанците во…

повеќе...

Поднесување на документи за студентските стипендии ќе се врши и на Денот на дрвото

Министерството за образование и наука информира дека сите апликанти за доделување на студентските стипендии за академската 2015/2016 година, кои согласно понудената можност одбрале термин за доставување на документите на 2.12.2015 година (среда), кога се одбележува „Денот на дрвото“ истите ќе можат непречено да ги поднесат во Министерството за образование и наука.

повеќе...

Општината со континуирана поддршка за Филмската академија во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Заменик министерот за образование на Р. Македонија Спиро Ристовски присуствуваа на проекцијата на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, што синоќа се прикажа во Институтот за филм- Филмска академија во Охрид. Дванаесет студенти, постдипломци од земјава и странство со субвенции од Министерството за образование ќе се образуваат во тригодишни студиски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. „Јас верувам дека успешниот старт на Филмкста академија ќе нзачи исклучителен напредок и ќе значи промоција и за градот Охрид…

повеќе...

Серија образовни работилници во организација на Американскиот Колеџ од Солун

Американскиот Колеџ од Солун (The American College of Thessaloniki – ACT), најавува повеќе активности за средношколците од регионот и во таа насока, на 21 ноември 2015 година, во Скопје (х. Квинс, Центар Зебра) со почеток во 12:00 часот, организира две едукативни работилници за македонските средношколци. Работилница на тема: Создавање на мобилни апликации со App Inventor App Inventor for Android (AIA) е нова алатка за визуелно програмирање развиена од Гугл, со која лицата кои не се програмери по професија можат сами да создаваат едноставни апликации за мобилни телефони поддржани со Андроид…

повеќе...

Известување за достава на документација за полагање на стручен испит во есенски испитен рок во 2015 година

Од Министерството за образование и наука информираат дека врз основа на член 85 од Законот за основното образование и член 67 од Законот за средното образование, а согласно член 3 и 6 од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште, како и член 3 и 6 од Правилникот за условите и начинот на полагање на стручниот испит на наставниците и стручните соработници во јавните средни училишта, приправниците во основните и средните училишта кои го завршиле приправничкиот стаж и…

повеќе...