Со претставата „Роденденот на господин Њушиќ“ во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, се спушти завесата на годинешното 54-издание на фестивалот „Охридско Лето“. Случувањето се заокружи со коктел на кој присуствуваа видни личности од политичкиот и општествен живот од земјава и странство.
повеќе...Tag: охридско лето
Едно од најуспешното и најпосетеното Охридско лето
Едно од најуспешните изданија со реализирани 54 настани на 54-то по ред Охридско лето, без ниту едно откажување во знакот на врвни уметнички имиња и големи театарски остварувања, полни гледалишта и позитивни критики на стручната јавност. Годинава Фестривалот ги доживеа 40 фестивалски денови во најдобро светло. „Огромна посетеност бележиме на годинешново фестивалско издание. Над 25.000 посетители изминативе 40 дена ги посетија мизичко драмските настани. Имавме публика не само од Македонија туку и многу меѓународни гости кои специјално дојдоа да ги следат настаните кои беа на репертоарот“, рече директорката Елизабета Јанкуловска.…
повеќе...„Роденденот на господин Нушиќ“ за крај на Охридско лето
Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“, од култниот српски автор Душан Ковачевиќ, во режија на Небојша Брадиќ а во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, вечерва, со почеток во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, во Охрид, ќе биде спуштена завесата од 54. издание на меѓународниот музичко – сценски фестивал „Охридско лето“. „Роденденот на господин Нушиќ“, всушност, е една интересна биографска претстава со комични елементи. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Денот е…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на кинеската вечер на „Охридско лето“
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески синоќа во предворјето на црквата Св. Софија во рамки на фестивалот Охридско Лето ја проследи прекрасната Мелодија на Шенжен во изведба на Синфонискиот оркестар од Народна Република Кина, а под диригентската палка на познатиот кинески диригент Лин Даје. Дел од публиката беа видни претставници од политичкиот и јавниот живот како и членови на дипломатскиот кор од земјава и странство. Публиката со воодушевување го следеше музицирањето на дела од светски познатите композитори, Ванг Ксилин, Ванг Нинг, Ченг Ганг , Петар Илич Чајковски и Томислав Зографски. Вечерта на…
повеќе...Кинеска вечер на Охридско лето
Вечерва, на затворањето на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на Шенжен, Народна Република Кина. Концертот насловен „Мелодија на Шенжен – Кинеска вечер“ ќе се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“, а оркестарот ќе го предводи еминентниот кинески диригент Лин Даје. „Секоја година од особено значење е изборот на уметникот или ансамблот што ќе настапи на завршниот концерт. Особено сме горди што оваа година музичката програма на фестивалот ќе ја затвори реномираниот симфониски оркестар на Шенжен, кој ќе настапи под диригентската палка на маестро…
повеќе...Мебелот на Стојоски – спој на современата уметност и уникатноста на обликот
Во рамките на Охридско лето синоќа беше промовирана изложбата на индустриски дизајн на Kирче Стојоски. Уникатните парчиња мебел како збир на традиционален, артистички, концептуален и иновативен метод на дизајнирање и изработка ви воодушевија присутните. „Мебелот се идентификува со карактер на скулптурност, оригинална форма и баланс на бои и структурна перфекција. Појдовниот концепт на секое дело е токму уметничката вредност, а формата никогаш не следи, туку таа е форма што води,“ вели Стојоски. Изложбата, како што многумина оценија, беше само уште една потврда на дарбата и генијалноста на човековата потрага кон…
повеќе...Звуците на Франција го исполнија просторот во црквата „Света Софија“
Синоќа во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот на „Охридско лето“звуците на Франција го исполнија просторот во црквата „Света Софија“ со делата од Морис Равел, Франсис Пуланк, Жил Масне, Ерик Сати, Даријус Мијо и Клод Дебиси. Францускиот пијанист Габриел Такино, италијанскиот контратенор Џанлука Белфјори и италијанскиот пијанист Маурицио Морети ја одведоа публиката во светот на прекрасната француска музика. Концертот„Ноќ во Париз…“ уште долго ќе се памети, вели селекторот на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска. „Музиката од најзначајните француски композитори, во изведба на исклучителни музичари, ретка…
повеќе...Црната комедија „Предавање“ кај публиката рефлектира и забава и освестување
Синоќа на малата сцена во центарот за култура актерите на Албанскиот театар од Скопје премиерно ја изведоа претставата „Предавање“ отсликувајќи го времето во кое живееме, со сите недостатоци и проблематики, со сите радости и таги. Во претставата која содржеше и брутални елементи, и не се препорачуваше за публика помлада од 16 години Амернис Јовановска Нокшиќи, Џевдет Јашари, Луран Ахмети и Адем Карага ја донесоа сликата на едно време на различни човечки судбини. Црната комедија „Предавање“ преку карактерите, преку комичната реплика во една трагична ситуација, успева да третира и изнесе на…
повеќе...Креативни индустрии на Охридско лето – изложба на Ленче Војнеска
Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето на 18- ти август на малиот плоштад во Охрид ќе биде поставена изложбата на Ленче Војнеска чии дела се спој помеѓу уметноста и органската хемија. Според Ленче, уметноста е независна и слободна позиција во општеството. Затоа луѓето треба да се поттикнат да бидат креативни, да се изразуваат и творат и да постои комуникација меѓу уметникот, уметничките дела и публиката.Органската хемија, како гранка на хемијата, е релативно млада и насекаде присутна и во себе вклучува употреба и познавање на системи, методи, занаети, техники…
повеќе...Охридско лето вечерва во светот на прекрасната француска музика
И повторно звуците на Франција на фестивалот „Охридско лето“. „Ноќ во Париз…“ е насловот на концертот кој ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“. Францускиот пијанист Габриел Такино, италијанскиот контратенор Џанлука Белфјори и италијанскиот пијанист Маурицио Морети се оние кои ќе не одведат во светот на прекрасната француска музика. „Самиот наслов ни открива каква ќе биде атмосферата на концертот оваа сабота. Музиката од најзначајните француски композитори, во изведба на исклучителни музичари, ретка можност да се чуе уникатниот тембр на контратенор – сè ова ќе овозможи посебноста на оваа претпоследна…
повеќе...