Албанскиот театар од Скопје, еден од најчестите гости на „Охридско лето“ којшто низ годините наназад остави лепеза на театарски претстави не само во фестивалската историја, но и воопшто во историјата на македонскиот театар, утревечер во Охрид премиерно ќе ја изведе претставата „Предавање“, на текст од Мартин Мек Донах, а во режија на Ќендрим Ријани. Како што истакна на денешната прес-конференција на „Охридско лето“ драмскиот селектор на фестивалот Ѓорѓи Јолевски, Мек Донах не е првпат поставуван на охридската фестивалска сцена, но и на македонската театарска сцена воопшто. „Годинава, актерите од Албанскито…
повеќе...Tag: охридско лето
Мерчели и „Варијабиле“ приредија незаборавна Европска вечер на „Охридско лето“
Истакнатиот италијански флејтист Масимо Мерчели и ансабмлот „Варијабиле“ синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамките на Вечерта на Европската унија на „Охридско лето“. На концертот беа изведени дела од Хајдн, Бетовен, Доницети и Брамс. Мерчели кој е познат по тоа што соработува со врвните уметници од денешницата како што се Пендерецки, Јуриј Башмет, Филип Глас, Жан-Пјер Рампал и други, изградил впечатлива уметничка кариера. Меѓу другото е познат и по премиерните изведби на дела од современите автори. Ансамблот „Варијабиле“ има камерен репертоар во различни односно варијабилни состави.Неодамна оствари и серија…
повеќе...Извонреден концерт на квартетот „Јанкелевич“ во „Света Софија“
Познатиот руски гудачки квартет „Јанкелевич“ синоќа во црквата „Света Софија“ одржа целовечерен концерт и на публиката на фестивалот „Охридско лето“ и приреди уште едно неповторливо уживање. Со овој извонредно добар и професионален музички состав во акустичниот амбиент на катедралата настапи и италијанскиот пијанист Марко Чампи, кои инаку е уметнички директор на Музичката академија во Формиа во Италија. Љубителите на класиката, а особено на гудачките инструменти и на пијаното проследија дела од Моцарт, Бетовен и Шостакович. Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ кој е формиран на Московскиот конзерваториум го сочинуваат Илја Гајсин(прва виолина), Александра…
повеќе...Неколку најзначајни дела во историјата на музиката преку вештите раце на Лекрел и Котино-Коен
Во прекрасниот и акустичен амбиент на црквата „Света Софија“ со звуците на пијаното синоќа се одржа Француската вечер на фестивалот „Охридско лето“, традиционално поддржана од Охридска банка Societe Generale Group и Францускиот институт во Скопје. На фестивалската програма настапија врвните пијанисти од Франција Иг Леклер и Елен Котино-Коен. „Француска вечер е традиционална на фестивалот „Охридско лето“. Повеќе години фестивалот соработува со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, и Сосиете Женерал Груп – Охридска Банка со чијашто поддршка на „Охридско Лето“ веќе седум години се реализира Француска вечер во…
повеќе...Француска вечер на Охридско лето
Со концерт на пијанисти од Франција Уго Леклер и Елен Котино-Коен, вечерва, на програмата на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи Француска вечер која по традиција се реализира во соработка со Охридска банка Societe Generale Group и Францускиот институт во Скопје. „Француска вечер е традиционална на фестивалот „Охридско лето“. Повеќе години фестивалот соработува со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, и Сосиете Женерал Груп – Охридска Банка со чијашто поддршка на „Охридско Лето“ веќе седум години се реализира Француска вечер во рамките на фестивалот кога гостуваат познати француски…
повеќе...Спој на квалитетна програма и врвни уметници – ново доживување за љубителите на класиката
Маестрален настап имаше најреномираниот српски камерен оркестар „Гудачите на Свети Ѓорѓе“ синоќа на концертниот подиум во црквата „Света Софија“. Публиката на „Охридско лето“ уживаше во делата на Јохан Себастијан Бах, Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Франческо П. Тости, а како солисти на вечерта настапија тенорот Зоран Тодоровиќ и виолинистот Јован Колунџија. Се работи за двајца извонредни српски уметници кои имаат врвни дострели на светските музички сцени. Ваков спој, коментираа посетителите на фестивалот, од врви уметници и квалитетни дела ни подари незаборавно доживување и уште една фестивалска вечер која долго ќе…
повеќе...„Женидба“ од Гогољ во изведба на рускиот театар „У-моста“ утревечер на „Охридско лето“
Во рамките на драмскиот дел од програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ утревечер во Предворјето на црквата Света Софија ќе биде изведена претставата „Женидба“ на Николај Василевич Гогољ, во режија на Сергеј Федотов, а во изведба на Театарот „У-моста“ од рускиот град Перм. На денешната прес-конференција по повод гостувањето на театарот од Русија беше истакнато дека се работи за поставка што години наназад е на репертоарот на куќата, наградувана претстава, високоуметничка поставка за која секогаш се бара билет повеќе, за секоја нејзина изведба. Режисерот Сергеј Федотов кој е…
повеќе...Хорот „Про Арс“ ги донесе најпознатите духовни дела на „Охридско лето“
Дела од Ѓорѓи Свиридов, Наталија Хасцлер и Јуриј Фалик, тројца познати композитори од различни генерации донесе синоќа на „Охридско лето“, Камерниот мешан хор „Про Арс“. На програмата беа најпознатите нивни дела кои ги изведоа членовите на овој професионален хор под диригентката палка на Сашо Татарчевски кој воедно е и раководител на овој камерен состав. Според Татарчевски, токму во хорската музика, а особено во духовната се кријат најголемите ремек дела,а токму такви имаше синоќа на репертоарот на „Охридско лето“. „Овој ансамбл, иако е млад и според периодот на делување, и според…
повеќе...Општина Охрид и „Охридско лето“ заедно ќе го чествуваат Денот на Св.Климент
Со вечерашната премиера на филмот „Апостоли на Словените – двајца браќа една животна мисија“ што со почеток во 21 часот ќе се прикажува во ЦК „Григор Прличев“, Општина Охрид и фестивалот „Охридско лето“ и годинава заедно ќе го одбележат големиот празник Свети Климент летен- патронот на градот. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека Охрид – градот на УНЕСКО, и Фестивалот „Охридско лето“ се обележје на културниот идентитет на најдоброто творештво на меѓународно ниво и затоа меѓусебната соработката ќе продолжи и во иднина. „Со воспоставувањето на една ваква соработка и…
повеќе...Трусов: Во лето секогаш се потсетуваме на периодот кога се одржува „Охридско лето“
Многу ретко изведувани дела, меѓу нив и премиерни имаше можност да слушне публиката на „Охридско лето“ на синоќешниот концерт што го приредија младиот но етаблиран пијанист Кирил Трусов и неговата сестра виолинистката Александра Трусова. Ова камерно дуо со богата биографија, во црквата „Света Софија“ изведе дела од француско-руски композитори со кои ја воодушевија публиката и докажаа дека заслужено настапуваат третпат во рамките на фестивалот. „Ова прекрасно дуо има настапено на „Охридско лето“ во 2008 и 2010 година и навистина публиката ги памети како дуо коешто приредува концерт за паметење. Ова…
повеќе...