На 29 јули (вторник) во црквата „Света Софија“ на програмата на фестивалот „Охридско лето“ е концертот со наслов „ОД ТВОРЕЧКИОТ ОПУС НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ (1934-2000) – КОН 80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО“. „Македонското музичко творештво секогаш зазема достојно место на фестивалските програми. Организираме авторски концерти, настојуваме делата на нашите композитори да звучат во изведбата како на македонските уметници, така и солистите и ансамблите од странство. Овој пат авторската вечер му е посветена на еден од најзначајните македонски музички творци Томислав Зографски, со што фестивалот се вклучува во одбележувањето на 80…
повеќе...Tag: охридско лето
„Кинескиот Паганини“ утревечер на Охридско Лето
И повторно двајца исклучителни изведувачи на програмата на „Охридско лето“. Фестивалската програма секогаш и‘ нуди на публиката одлична можност да ги запознае „во живо“ големите музичари од различни земји. „Со врвните и незаборавни концерти на светски познатите пијанисти Елизавета Леонскаја, Аркадиј Володос и Максим Мрвица, се потврди дека 54тото издание на Охридско Лето ќе биде запаметено по учеството на оваа пијанистичка елита. Сега следи претставувањето на овогодинешните „виолинистички ѕвезди“ кои ќе бидат дел од ова фестивалско издание. За прв пат на фестивалот, а и во Македонија, ќе настапи „Кинескиот Паганини“…
повеќе...Мегаѕвездата Мрвица блесна пред преполниот Антички театар
Публика од Охрид, од внатрешноста на Македонија, како и специјални гости од странство синоќа дојдоа да го проследат неповторливиот настап на хрватскиот пијанист и кросовер музичар Максим Мрвица на Античкиот театар. Мрвица не остана рамнодушен на сцената на Античкиот театар, која, како што рече, е доказ за историјата и за античкото минато на градот, но и многубројната публика со нескриена возбуда го проследи овој настан кој ќе остане долго запаметен како еден од најатрактивните на годинешното 54.издание на фестивалот „Охридско лето“. Светски познатиот уметник кој светската слава ја стекнува уште…
повеќе...Глума и танц на сцена донесоа полските актери од Битом
„Сиот свет е театарска сцена, а луѓето се ништо повеќе од актери: влегуваат на сцена, па излегуваат, и секој еден во животот ќе одглуми многу улоги“ —Како што милувате, Чин 2, Сцена 7, 139-42. Не глумеа, туку ги попримија карактерите на ликовите во драмата „Како што милувате“. Актерите од Одделот за драма и танц БИТОМ од Полска, во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ синоќа ја донесоа една од најголемите шекспирови комедии „Како што милувате“. Публиката го насочи вниманието кон едно време на сплетки, закани, прогонства, интересни комични дејства,…
повеќе...Славе Ѓорѓо Димоски – Поезијата е она исконското што го чува јазикот на еден мал народ
Македонскиот поет преведуван на повеќе од 30 светски јазици Славе Ѓорѓо Димоски, синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ја промовира неговата збирка поезија „Ткаења“. Со оваа книга, исклучително вредниот поет, борец за зачувувањето на македонскиот јазик, одбележа пет децении од неговиот живот и 35 години од творештвото. Скромен, без многу самофалење низ годините наназад додека беше преведуван и наградуван, не само во Македонија, туку и во светот, Ѓорѓо Димоски синоќа на промоцијата од неговата книга, но и на промоцијата на документарниот филм што за него го сними младиот но…
повеќе...„Поет на мал народ“ – исклучително вреден документарец на младиот режисер Антонио Вељаноски
Документарниот филм „Поет на мал народ“ посветен на поетот Славе Ѓорѓо Димоски беше промовиран синоќа пред публиката на „Охридско лето“. Петнаесетминутниот филм од една страна ја истакна исклучителната вредност на македонскиот поед Димоски, а од друга ја нагласи и неговата борба преку стихови за да се зачува јазикот на еден мал народ како што е Македонскиот. Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Maria“. Покрај поетот, во филмот настапуваат Верица Недеска, Катерина…
повеќе...Министерката Канческа-Милевска го прими хрватскиот пијанист Мрвица
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го прими еминентниот пијанист од Република Хрватска, Максим Мрвица, кој утревечер во Охрид ќе одржи концерт во рамки на 54. издание на „Охридско лето“ … Канческа-Милевска го искажа своето особено задоволство што Мрвица ќе биде еден од звучните имиња кои оваа година ќе го збогатат репертоарот на веќе светски етаблираната манифестација. Таа му посака успешен концерт, како и голем успех во понатамошната кариера. На средбата министерката му подари фотомонографија „Чудесна Македонија“ во која се презентирани природните убавини и културното наследство на земјата. Ова ќе…
повеќе...