Светската музичка атракција, Американскиот „Howard Gospel“ хор попладнево пристигна во Охрид. Селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска прва им посака топло добредојде. Нивното единствено барање, веднаш по сместувањето, било да го видат стариот дел на градот бидејќи знаеле дека тука има многу културно историски знаменитости. Овој ексклузивен ансамбл ќе настапи на Антички на 4-ти, за роденденот на Охридско лето. „Howard Gospel“ хор, првиот академски хор од ваков вид во светот, е најголемата атракција за годинешново јубилејното издание на Фестивалот. Основан е во 1968 година, и е составен…
повеќе...Tag: охридско лето
Театарската претстава „Опасни врски“ вечерва на Охридско лето
Во рамки на фестивалот 2Охридско лето“, вечерва на сцената во предворјето на „Св.Софија“, со почеток во 21 часот ќе биде изведена театарската претстава „Опасни врски“ од Шодерло де Лакл. „Опасни врски“ донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевскаја“. Епистоларниот роман е приказна за љубовта, страста, разочарувањето, прељубата, болката и изневерувањето. Тоа е претстава којашто е доста жестока и сурова, приказна за Валмонт и Мертеј, за двајца луѓе кои поради минатото не можат да ја живеат сегашноста. Претставата зборува за сложните односи помеѓу мажите и жените…..за вечната борба помеѓу двата…
повеќе...Стефан Миленковиќ го наполни Антички театар
Некогашното „чудо од дете“ сега веќе светски познат виолинист Стефан Миленковиќ со својот спектакуларен настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа на Антички театар уште еднаш потврди дека е голем миленик на македонската публика. Во очи големиот национален празник во Република Македонија, Илинден, Миленковиќ заедно со својот колега, словенечкиот колега Марко Хатлак, но и со вокалистката Ана Безјак,преку проектот „Танго компас“ претпразнично ги растрепери срцата на оние што и покрај нестабилното време дојдоа да уживаат во неговиот проект и навистина не зажалија. Меѓу публиката синоќа на Антички театар беше и министерката…
повеќе...Вевчански пасош за славниот виолинист Стефан Миленковиќ
Српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ денеска заедно со селекторката на музичкиот дел од програмата на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, беше во посета на општина Вевчани. Славниот виолинист ги посети вевчанските извори и ја вкуси традиционалната вевчанска храна. На гурманското домашно мени секако се најдоа и далеку прочуените вевчански луканци, препознатливата речна пастрмка , домашната пита, сирење, ајвар, лутеница. Домаќините му подарија и неколку тегли ајвар. Миленковиќ стана и жител на Вевчани, како голем уметник доби и вевчански пасош. Воодушевен од мирисот на нескротената природа, рече дека ова е…
повеќе...Актерската игра на Турскиот и Албанскиот театар покажаa зошто овие две установи егзистираат 6,5 децении
Извонредната театарска игра на актерите од Албанскиот и Турскиот национален театар од Скопје докажаа дека со право опстојуваат на македонската театарска сцена цели шест и пол децении. Копродукцискиот драмски проект „Слуга на двајца господари“ на текст од италијанскиот комедиограф Карло Голдони а во режија на Јуџел Ертен на публиката на „Охридско лето“ и ја долови реалната мултилингвална средина. Љубовта и лебот, двете нешта кои во современиот свет добиваат тешки димензии, но се вечно актуелни теми поради што беа предизвик и за режисерот Ертен. „Отсекогаш ми се допаѓаше спојот на јазиците…
повеќе...„Танго Компас“ како спој на класичната музика и џезот вечерва на Античкиот театар во рамки на „Охридско лето“
Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ вечерва на „Охридско лето“ ќе долови интересни звуци за публиката, ќе предизвика многу енергија, емотивен набој и страст. Проектот „Танго компас“ кој всушност е спој на џезот и класичната музика ќе биде незаборавно доживување за оние што вечерва ќе бидат на Антички театар. „Танго компас“ веќе неколку години успешно настапува низ Европа. Двајцата одлични музичари Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак, меѓу другото и страсни љубители на танго-музиката, постојано приредуваат незаборавни доживувања на слушателите секаде каде што ќе се појават. Минатата година Миленковиќ и Хатлак ја…
повеќе...Герасимовски: Оркестарот на Музичката младина на Македонија е врзан за „Охридско лето“
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ синоќа по 29-ти пат концерт одржа камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија под иригентската палка на Македонката која живее во Австрија, Елена Митревска. За разлика од изминатите 28 години, Музичката младина на Македонија овој пат донесе една специфична програма под наслов „Сеќавања од музички патувања“ која беше посветена на Македонското претседателство со Централно-европската иницијатива. Беа претставени четири композитори, а делата од двајца од нив првпат се изведуваат во Македонија. Концертот започна со делото „Вистас ал Мар“ од шпанскиот композитор Едуард Толдра, а продолжи со…
повеќе...„Слуга на двајца господари“ – комедија за напорот на истрајните вљубени
Театарската претстава „Слуга на двајца господари“ во изведба на Турскиот и Албанскиот театар вечерва премиерно ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“. Копродукцискиот проект „Слуга на двајца господари“ на Турскиот театар и на Албанскиот театар, по повод одбележувањето на 65-годишнината од основањето, произлегува од две основни потки: преплетувачките точки на трите јазика, нешто што е невозможно да се најде во други поднебја и остриот хумористично-сатиричен јазик на традиционалниот народен театар. Ќе биде изведена во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. „Слуга на двајца господари“ од Голдони…
повеќе...Маестралниот виолинист Стефан Миленковиќ ќе се покаже и како врвен танчер
Во Античкиот театар, на 1-ви август , сабота концерт на Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак, кој со сигурност ќе биде голема атракција на Фестивалот. Голема енергија, музички набој и интегритет, ентузијазам и страст, импровизација… се е тоа Танго Компас. Она што ќе претставува вистински ексклузивитет на вечерта е тоа што Миленковиќ покрај своето свирачко мајсторство публиката ќе има можност да го види и како врвен танчар. Селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска најавува дека покрај квалитетниот избор на врвни уметници кои ја сочинуваат фестивалската програма и оваа…
повеќе...Концертот на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет
Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Елена Митревска а во рамките на фестивалот „Охридско лето“,ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали а Охридско лето ја воведе ваквата практика…
повеќе...