Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе го одбележат патрониот празник

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, на 7ми ноември (понеделник) со свеченост ќе го одбележат патрониот празник на установата. Свечената приредба ќе се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, со почеток во 18:00 часот.

повеќе...

Одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Свечено одбележување на патрониот празник – 18 Октомври. Почит кон Патронот и положување свежо цвеќе. Свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори.  Директорката Весна Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа. Со одбележувањето на нашиот патронен…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец деновиве живее во духот на својот патронат

Во рамки на одбележување на патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, денес со пригодна програма во употреба беше пуштена просторија за работа со ученици со посебни потреби. Целосното реконструирање на постоечката просторија, изградбата на посебно катче за учениците со посебни потреби, како и опремување на истото, беше проект кој се реализира благодарение на донација од ДООЕЛ „ЛТХ Леарница“. „Оваа просторија е повеќенаменска, така што освен како катче за учениците со посебни потреби, може да се користи и за други активности, што ги имаме многу“ – велат од училиштето.…

повеќе...

Чествување за херојот Христо Узунов

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов во градскиот парк и на спомен-обележјето во селото Цер-Кичевско, каде што се одржа и панихида, денеска завршија свеченостите по повод одбележувањето на 111. годишнината од погибијата на херојот на Македонската револуционерна борба, што ги организира Општина Охрид. Свежо цвеќе положија делегации на Советот на Општина Охрид, Основното училиште и здружението што го носат името на Христо Узунов, Сојузот на борците, Здружението за Македонско-Бугарско пријателство,потомците на Узунов, како и делегации на политички партии и други здруженија на граѓани.

повеќе...

Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Од денес, Основното училиште „Христо Узунов“- Охрид започна со прославување на својот патронен празник.  Годинава се одбележуваат 111 години од смртта на Христо Узунов. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва беше отворена изложба од ликовни педагози и детски ликовни творби. Патронатот продолжи со пригодна свеченост. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Синџир алки од стихови ковани“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Во продолжение на прославата следуваше богата програма во изведба на учениците од ОУ „Христо Узунов“. Свеченостите продолжуваат во недела со полагање на свежо…

повеќе...

Одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ синоќа одбележа 49 години од своето постоење. Патрониот празник се одбележа во просториите на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ со културно-уметничка програма изведена од учениците од училиштето. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Јане Цаноски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот, како и на учениците кои што учестуваа на различни натпревари од повеќе области. А.Андриоски

повеќе...

Охрид го одбележа празникот посветен на Св.Климент – патрон на градот

Со свечена академија што вечерва се одржа во ЦК „Григор прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид. Свеченоста започна со химната за Свети Климент од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски, по што пред бројната публика ,претставници од јавниот политичкиот живот и гости од земјава и странство се обрати градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Тука сме да го чествуваме светителот, творецот, учителот, епископот, Патронот кој животот го посветил на творбата, на обичниот човек, на описменувањето, богослужбата и богољубието во симбиоза.…

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележа патрониот празник

Со свечена приредба, вечерва Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Со вечерашната свеченост, Вие се вклучувате во неколкудневната прослава во чест на великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија. Тоа свето име не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски…

повеќе...

Свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Св.Климент Охридски – патронот на градот

Свечената академија, во чест на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид, ќе се одржи утревечер на 8 декември, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. Свеченоста ќе започне со химната за Свети Климент од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи Проф. д-р Кирил Темков, а потоа градоначалникот Никола Бакрачески, на годинашниот добитник, Општинската организација на Црвен Крст, ќе ја додели наградата Св. Климент…

повеќе...

Охридската гимназија реализира хуманитарна акција за помош на децата без родители

Во рамките на училишната програма на активности за одбележување на Патрониот празник на Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ се реализира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на децата без родители во соработка со здружението „Градиме иднина“. Беше отворена и изложба на ученички ракотворби – рачно изработен накит, која во соработка со Програмата УСАД ја реализираа учениците под менторство на проф.Катерина Слатиноска. Прославувањето на патрониот празник започна со презентација за ликот и делото на учителот од времето во кое живеел Св. Климент Охридски па сé до денешно време. Потоа следуваше дискусија во…

повеќе...