Општина Охрид ги поддржува културните случувања кои во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ овој четврток и петок ги организираат националните установи, Библиотека, Центарот за култура, Завод и музеј и Основното училиште кои го носат името на ловроносецот Григор Прличев. Свеченостите во четврток започнуваат во Библиотеката со почеток во 11 часот кога е закажана промоција на ЦД издание во аудио форма за животот на Григор Прличев по објавување на поемата „Сердарот“. Веднаш потоа во Центарот за култура ќе биде изложбата на фотографии од колекцијата на оваа институција, а точно напладне е…
повеќе...Tag: поет
Ќе се промовира стихозбирката „Во твоја слава“ од Александар Трпески
Утре, недела, ќе се промовира стихозбирката „Во твоја слава“, од охридскиот автор, Александар Трпески. Стихозбирката е збир од песни што создаваат една целина, своевидна драма во четири чина со наслов: Насилство, војна и смрт, Ослободување, Раѓање и Подарок. Промоцијата е се почеток во 18 часот.
повеќе...Прва антологија на Хаику, Хаига, Хаибун и Катаута во Македонија
Антологијата Зен верс, во издание на Ирис Принт – Струга, е сосема различна од која и да е друга поетска антологија. Пред сè, затоа што застапува четири авторски имиња, хаику поети собрани на едно место – Охрид. Всушност, не ни може да се замисли друг топоним од којшто можат да потекнат во исто време поети на една извонредно специфична поезија на овие простори од Охрид. Па каде на друго место. За прв пат приредувачот на книгата Пере Ристески се пројавува како автор на хаига (цртежи Јован Ристески), Маја Мојсова како…
повеќе...Tрета награда на меѓународен конкурс за хаику поезијата на Пере Ристески
На меѓународниот натпревар на тема „Дете/Змеј“ што го организираше специјализираното списание за хаику поезија „Диоген“од Босна и Херцеговина, во конкуренција на 144 автори од 26 земји од целиот свет и испратени 1296 хаику творби, поетот Пере Ристески ја освои третата награда. Поезијата на Ристески е објавувана во повеќе антологии и списанија ширум Европа и светот, како што се: Босна и Хрцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Франција, Америка и Јапонија. Пере Ристески има објавено три збирки поезија: „Гревот на првата љубов“, „Крајпатни ветришта“ и „Во преграб на мигот“.
повеќе...Членови на охридскиот литературен клуб учествуваа на поетска манифестација во Куманово
Членови на литературниот клуб „Григор Прличев“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од 30-ти јули до 1-ви август учествуваа на традиционалниот поетски митинг во Куманово. Од литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид, во Куманово гостуваа Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Трифун Ѓорѓиески. Додека во Монографијата која ја објавуваат кумановските поети, се објавени творби на уште четворица членови на литературниот клуб „Григор Прличев“, Диелза Речи, Лидија Стефановска, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски. Во монографијата покрај песните на поетите од останатите македонски градови, се објавени и следните творби, на членови на литературниот клуб…
повеќе...Поезијата на Пере Ристески објавена во американското списание „Мед Свирл“
Избор поезија на Пере Ристески е објавена во новиот број на угледното американско списание Мед Свирл, со седиште во Далас. Преводот е на Соња Гаврилоска Љулкова. Мед Свирл е списание што објавува поезија, кратка проза и кратка фикција, а главен уредник е Џони Олсон. Покрај поезија од македонскиот поет, се објавени песни и од поети од целиот свет, меѓу кои се: Квинтет Колиер, Лук Рита, Родерик Ричардсон, Опалина Салас, Брдафорд Мидлтон и многу други. Ова списание се опишува како вител за собирање на уметници од целиот свет, односно, неговиот стремеж…
повеќе...Славе Ѓорѓо Димоски – Поезијата е она исконското што го чува јазикот на еден мал народ
Македонскиот поет преведуван на повеќе од 30 светски јазици Славе Ѓорѓо Димоски, синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ја промовира неговата збирка поезија „Ткаења“. Со оваа книга, исклучително вредниот поет, борец за зачувувањето на македонскиот јазик, одбележа пет децении од неговиот живот и 35 години од творештвото. Скромен, без многу самофалење низ годините наназад додека беше преведуван и наградуван, не само во Македонија, туку и во светот, Ѓорѓо Димоски синоќа на промоцијата од неговата книга, но и на промоцијата на документарниот филм што за него го сними младиот но…
повеќе...