Охриѓанец нападнал службеник на СВР Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј. (35) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на шести минатиот месец, околу 10 часот во кругот на Центарот за возила. Тој, му упатил серија навреди и закани по живот на Ж.Ш. вработен како референтот по возила, по што физички го нападнал, го фатил за вратот и со рака го удрил во пределот на градите. Сега пријавениот, тоа го направил откако референтот по возила, извршувајќи…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради овозможување употреба на наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т. (29) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога“. На 24-ти август минатата година околу 08.50 часот од страна полициски службеници во Струга во напуштен објект затекнати бил пријавениот и лицата З.Ш. (46) од с.Радожда и М.К. (43) од с. Велешта, како се одаваат на уживање на наркотична дрога и шприц со 13мл. мешавина на метадон и дијазепам. Од преземени мерки утврдено е дека пријавениот претходниот ден го набавил метадонот од Дневниот центар за зависници…

повеќе...

Изработена Стратегија за развој на полицијата 2016 – 2020

Стратегијата за развој на полицијата 2016-2020, еден од клучните документи изработени во рамките на проектот за институционална надгардба на полицијата, беше официјално презентирана пред јавноста денес во ЕУ Инфоцентарот. Овој стратешки документ ги идентификува потребите и потенцијалите, и ги дефинира развојните приоритети на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за периодот 2016-2020 година. Според Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се работи за стратешки документ со долгорочна развојна визија во кој фокусот е ставен на практичната имплементација и постигнувањето оптимални резултати. „Полицијата е столб на безбедноста, мирот и благосостојба на нашето…

повеќе...

Одземени рибарски мрежи – продолжуваат акциските контроли на Езерската полиција

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен…

повеќе...