Претседателот на СДСМ, Заев им помага на граѓаните од погодените подрачја

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на терен, директно ги предводи активностите за помош на граѓаните од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково, во реоните коишто не беа покриени во изминатите денови. Заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, претседателот Заев помага на жителите со цел што побрзо да го нормализираат својот живот. Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбраната вода, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за…

повеќе...

Спасов: Се разгледува можноста за авансна исплата на оштетените

На синоќешната седница на Владата било разговарано авансно да им се исплатат средствата на оштетените, а потоа од кога ќе се направат проценките да им се исплати целата сума. Ова го соопшти минситерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на новиот пункт на Црвениот крст во ОУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Комисиите се веќе започнати да одат на терен. Се заклучи во наредните два дена да се направи план за да се испитаат можностите и да се провери…

повеќе...

Посебен сообраќаен режим во населените места зафатени од поплавата

Со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион (с.Црешево, с.Стајковци, Сингелиќ, Економија, с.Арачиново и другите околни населени места) воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат…

повеќе...

Спасов: Ситуацијата значително се подобрува, активно се работи

Во Стајковци во оглед на фактот дека беше најпогоденото населено место од поплавите слободно можам да кажам дека од ден на ден ситуацијата значително се подобрува, вели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој е координатор во ова населено место. „Стајковци брои околу 1.050 куќи и над 5.000 населени од кои над 70 проценти од куќите беа зафатени во голем дел од поплавите. Оние куќи кои имаат само приземје се целосно поплавени, без услови за живеење, оние кои се на кат приземјето им е поплавено со услови за…

повеќе...

Димовски: Апел до сите да дојдат во поплавените места и да помогнат, кој колку може

Апел до сите извиднички друштва, спортски клубови, јавни претпријатија, доволно е еден или два дена да дојдат тука и во 2-3 куќи да помогнат, затоа што внатре во куќите ситуацијата е страшна, вели пратеникот Илија Димовски. „Колку што гледаме државните јавни претпријатија работат на основната инфраструктура. Има механизација а за тоа дали е доволно или не се проценува во секој момент. Со интензивна работа мислам дека со три четири недели напорна работа може да се доведе во основна функционалност а потоа да се поправат објектите“, вели Димовски. Димовски заедно со…

повеќе...

Заев со граѓаните од погодените подрачја, се бара целосно обештетување

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и денеска е со граѓаните од најпогодените подрачја во Скопје и скопско, од населените места Инџиково, Сингелиќ, Црешево, Страчинци, Смилковци, Стајковци. Претседателот Заев директно на терен ја предводеше акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Од утрово, екипите на Општина Центар, на Куманово и на Струмица продолжија со активностите од вчера. Неколку шлепери со вода и неколку комбиња со други прехрамбени намирници, беа распоредени по сите овие места. Дополнително, покрај специјализиgрани возила, денеска беа донесени и 5 камиони со…

повеќе...

Информација во врска со елементарната непогода која на 06.08 во попладневните часови го зафати Скопје

На 08.08.2016 година полициски службеници продолжија со преземање на мерки и активности согласно Планот за реализација на физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, општина Гази Баба, а со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина, при што најзагрозени се населените места с. Стајковци, Синѓелиќ, с.Смиљковци, с.Црешово, с.Брњарци, с.Виниче, како и дел од обиколницата на автопатотот кој гравитира од населбата Радишани кон с.Арачиново, но и други реони на градот. При тоа, од страна на СВР Скопје се ангажирани 243 полициски службеници и 50…

повеќе...

Во Економија активирани стотина пумпи, извадена водата од домовите

Во најголем дел од куќите во населбата Економија која беше зафатена од саботното невреме е извадена водата од домовите, а сега се работи на вадење на водата и од подрумите. Во моментот се активирани околу 100 пумпи за црпење на водата, а во текот на денот се очекува да бидат ставени во функција дополнителни со што бројката би требало да достигне околу 300 пумпи. Во втората фаза ќе бидат активирани пумпите за кал. Дваесет екипи на ЕВН работат на терен и етапно се пушта струја, а обезбедена е храна и…

повеќе...

Вработени во охридските јавни претпријатија на помош за настраданите во Скопје

Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…

повеќе...

Информација во врска со елементарната непогода која завчера во попладневните часови го зафати Скопје

На 06.08.2016 година со почеток во 18.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, а координирани од страна на Единицата за информации и команда, започнаа со преземање на мерки и активности согласно План за преземање на мерки и активности за превенција, рано спречување и справување во услови на кризни состојби со земјотреси, поплави, свлечишта и одрони од земја од 24.02.2015 година, при што беа ангажирани 70 полициски службеници, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети, кои постапуваа веднаш по секоја добиена пријава од граѓани од подрачјето на Град Скопје за…

повеќе...