Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%. Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници…
повеќе...Tag: превоз
Hello Travel Ohrid – превоз на патници
Hello Travel Охрид врши превоз на патници во земјава и странство со квалитетни и удобни возила 6+1, 8+1, 20+1, патници и минибуси до 21 патник. Hello Travel Охрид исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии, интернационални аеродроми, семинари, свадби, after work party, како и врши превоз според Вашите потреби. Тел: 078 910 442 hellotravel.oh@gmail.com www.facebook.com/hellotravel.oh
повеќе...Организиран превоз за граѓаните кои сакаат да бидат дел од „Охридска софра“
Во сабота (03.09.2016) во селото Скребатно, во организација на Секторот ТЛЕР при општина Охрид, традиционално ќе се одржи „Охридска софра“ на која 12 учесници ќе подготвуваат еден од најпознатите традиционални прозиводи кај гостите и туристите – Ѓомлезето. За граѓаните кои сакаат да ја проследат Манифестацијата , општина Охрид организира беспалетн превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во сабота (03.09.2016) во 09:45 часот пред Охридска банка – превозник „Омега Експрес“ и 10:00 чаот пред Домот на култура во с. Лескоец. Се очекува ваквите манифестации да придонесат за реализација на целите за…
повеќе...Известување до такси превозниците во Охрид
Се известуваат сите такси превозници од Општина Охрид и фирмите кои се занимаваат со такси превоз дека скоро секоја година зачестена е појавата во текот на туристичката сезона, такси превозниците кои го вршат превозот спротивно на законските одредби односно не сакаат да ги возат патниците во насока према Стар Град и други пократки дестинации со напомена дека се зафатени. Ваквата појава е спротивна на Законот за превоз во патниот сообраќај и Општинскиот инспекторат против сите прекршители ќе презема соодветни санкции пропишани за Закон како и одземање на лиценцата за работа.…
повеќе...Јавен оглас за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници
Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај на Р.М и член 3 од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година , Oпштина Охрид објавува ЈАВЕН ОГЛАС За вршење на дополнителен сезонски превоз на патници 1.Превозниците кои конкурираат на овај јавен оглас треба да ги исполнат следните услови: 1.1 да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на…
повеќе...Панорамскиот двокатен автобус пуштен во сообраќај за оваа година
Со вчерашното возење на релација Охрид (ОСУ „Св.Климент Охридски“) – Струга (ОСУ „Ибрахим Темо“) официјално ЈП „Билјанини Извори“ во сообраќај за 2016 година го пушти панорамскиот двокатен автобус. Оваа година можноста за користење на панорамскиот автобус први ја искористија учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ кои предводени од соодветниот наставен кадар имаа научно природна посета на своите врсници од ОСУ „Ибрахим Темо“. ЈП „Билјанини Извори“ ги потсетува сите институции, правни субјекти посебно тие кои ја сочинуваат и градат туристичка понуда на Охрид дека двокатниот панорамски автобус од денес ќе можат да…
повеќе...Зголемен бројот на патници во градскиот и меѓународниот превоз
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 1.8%, во приградскиот превоз е намален за 9.0%, во меѓуградскиот превоз е намален за 33.9%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2.7%. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за4.5%, во приградскиот превоз за 30.4%, во меѓуградскиот превоз за 46.2%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.6%.
повеќе...Превезени патници со автобуси, трето тримесечје од 2015 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2 159 000, во градско – приградскиот превоз 16 839 000, во железничкиот превоз 309 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 542 341. Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 25.0%, во железничкиот превоз е намаленo за 47.2%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 45.1%.
повеќе...Намален бројот на превезени патници со автобус
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 27,9%, во приградскиот превоз е зголемен за 3,2%, во меѓуградскиот превоз за 5,5%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 8.4%. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 29,0%, во приградскиот превоз за 2,4%, во меѓуградскиот превоз за 1,0%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2,8%.
повеќе...ДЗС: Зголемен патничкиот превоз, намален товарниот
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници изнесува 1 898 000, во железничкиот превоз 205 000, во градско-приградскиот превоз 21 270 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 366 150. Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9.6%, во железничкиот превоз за 36.0%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 14.8%.
повеќе...