Обраќање по повод формирањето на Алумни асоцијација на добитници на признанието „Инженерски прстен“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на формирањето на Алумни асоцијацијата на добитници на признанието „Инженерски прстен”, кое што се одржа на Технолошко Металуршкиот Факултет во Скопје. Претседателот Иванов, на добитниците на признанието „Инженерски прстен”, им порача дека ваквото признание е одговорност за нудење нови решенија, и им посака Алумни асоцијацијата да биде уште еден субјект кој што ќе дава значаен придонес за севкупниот живот, затоа што инженери се потребни во сите струки и области. „Преку тоа што сте го добиле како признание, сте ја презеле одговорноста…

повеќе...

Признание за претседателот Иванов од македонската заедница во Србија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска доби признание „Специјална златна плакета”, кое Националниот совет на македонската национална заедница во Србија му го врачи за посебен придонес во зачувувањето на идентитетот на Македонците во Република Србија. Претседателот Иванов истакна дека оваа награда претставува голема чест и посебно задоволство за него. „Се препознава дека сето она што го работиме во нашата држава позитивно се одразува и во нашата дијаспора. Република Македонија како до сега, така и во иднина ќе продолжи да се грижи за Македонците во дијаспората, а јас и…

повеќе...

Црвен крст Охрид е носител на највисокото признание Пехарот на ПХВ програмата за 2014 година

„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која со години наназад континуирано се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за помош на ранливите категории, преку кои ќе се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог, како основен предуслов за создавање на интеркултурно општетство. Во рамките на програмата и активностите за Промоција на хумани вредности, Црвен крст Охрид од 2004 година до денес реализирал преку 100 проекти во чија имплементација активно учествувале повеќе…

повеќе...