Охрид го огреаа две изгрејсонца. Утрово, над планината Галичица можевме да видиме две изгрејсонца. Едното беше она вистинското, додека пак другото беше атмосферска оптика, односно прекршување на зраците при што беше формирано лажно Сонце и мало виножито. Пред да изгрее вистинското Сонце, повеќе светеше она лажното! WebOhrid
повеќе...Tag: природа
Продолжениот празничен викенд го исполни излетничкото место Корита
Топлото време и продолжениот празничен викенд за Рамазан Бајрам го наполнија градот Охрид со гости. Речиси полни плажи, гужва во чаршијата, но сепак многумина се одлучија викендов да го поминат и на излетничките места. Љубителите на природата го искористија денот за прошетка во планина, правење скара со пријателите, но и ладење со чистата изворска вода на излетничкото место Корита, на планината Галичица. WebOhrid
повеќе...Изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето
Еко – свест го честита 21ви Јуни – Денот на Охридското Езеро и информира дека дека Еко- свест ангажираше тим од пет експерти од различни области со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум. „Оваа студија ќе ни даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија и ќе ги разгледа можностите за одржливо урбано планирање на Охрид. Студијата ќе биде презентирана пред јавноста наесен и се надеваме дека реализацијата на ова решение ќе…
повеќе...Писмо: НЕ за експресниот пат
Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба…
повеќе...Извидничка активност : „Школа за преживување во природа“
Во организација на извидничкиот одред „Пионер“ на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. На школата практична едукација добија вкупно 12.извидници од категоријата „РОВЕРИ“ (16+) од седум извиднички одреди од Р.Македонија. Истите преку практична работа за период од 100.часови поминати под ведро небо во исклучително променливи временски услови на потегот од с.Требеништа преку с.Скребатно па се до Охрид (патека долга околу 58.км), стекнаа вештини во препознавање и начин на избор на безбедно место за престој во природа, контрола и самоконтрола, изградба…
повеќе...Излетничкото место „Корита“ прераснува во џунгла!?
Излетничкото место „Корита“ прераснува во џунгла!? Проценете сами… WebOhrid
повеќе...Шумски јагоди – лек од памтивек
Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода. Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми. Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и…
повеќе...Изложба на фотографии за биодиверзитетот на НП „Галичица“ и Охридското Езеро
Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ денес на малиот плоштад во Охрид организираa изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро, а по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство. Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни (петок) од 10:00 до 20:00 часот.
повеќе...