„Сказна за Вилен“, краткометражниот игран филм за деца во режија на Никица Мишева, ќе ја има својата прва проекција на 7. 6. 2017 (среда) во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид со почеток во 10. 00 часот. Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски. Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман, и Тони Нически, монтажер. Главната улога му е доверена на Ѓорѓи Чинго, а во останатите улоги се појавуваат Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и…
повеќе...Tag: проекција
Проекција на филмот „Fish & Cat”
Утре во 18:30 часот, во амфитеатарот на Филмска Академија Охрид (поранешен Дом на АРМ) ќе се прикажува филмот „Fish & Cat“ на познатиот ирански режисер Shahram Mokri. Влезот е слободен за сите љубители на филмот.
повеќе...Проекција на филмот „Исправи се, Делфина“ вечерва на Охридско лето
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето“, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Исправи се, Делфина“, во режија и по сценарио на Александар Ѓурчинов – Ацо, во продукција: Вардар Филм-Скопје (Македонија). Филмот е снимен во 1977 година и е со времетраење од 101 минути. Ова е филмска приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш.…
повеќе...Проекција на филмот „Цената на градот“
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот ќе има проекција на филмот „Цената на градот“, во режија на Љубиша Георгиевки, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1970 година и е со времетраење од85 минути. Содржина: Едно гратче во Македонија е под германска окупација. Крајот на војната наближува. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници,…
повеќе...Oткажана проекцијата на филмот „Црвениот коњ“
Проекцијата на филмот „Црвениот коњ“ во продукција на Вардар Филм-Скопје во рамките на дополнителната програма на Охридско лето што беше предвидена за вечерва од 20 часот во Центар за култура „Григор Прличев„ се откажува. Причината е презакажувањето на вчерашните активности за денеска поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што беше прогласен и Ден на жалост . На истата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев„ од 21 часот денеска еСвечената академија по повод 1100-годишнината од упокојувањето…
повеќе...Проекција на филмот „Црвениот коњ“
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „Црвениот коњ“, во режија на Стојан Попов – Столе, по сценарио на Ташко Георгиевски, во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1981 година и е со времетраење од 127 минути. Главните улоги ги толкуваат: Ацо Јовановски, Велимир Живоиновиќ – Бата, Данчо Чевревски, Душан Јаниќиевиќ, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Лиле Георгиева, Мето Јовановски, Радмила Живковиќ, Ристо Шишков, Столе Аранѓеловиќ и Владимир Светиев. Филмот е добитник…
повеќе...Проекција на филмот „До победата и по неа“
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „До победата и по неа“, во режија на Живорад Митровиќ-Жика, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1966 година и е со времетраење од 106 минути. Во филмот се зборува за последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот – стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во…
повеќе...Проекција на филмот „Тетовирање“
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ во продукција на Вардар Филм од Скопје. Филмот е снимен во 1991 година, во режија на Столе Попов, а во него играат актерите Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др. Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор,…
повеќе...Проекција на филмот „Планината на Гневот“
Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан филмот „Планината на Гневот“ во продукција на Вардар Филм од Скопје. Филмот е снимен во 1968 година, во режија на Љубиша Георгиевски, а во него играат актерите Ристо Шишков, Бранислав Јериниќ, Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Петре Прличко и други. По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти.…
повеќе...