Претставување на сатиричарот Александар Чотриќ во охридската библиотека

Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid

повеќе...

ЖЦ „Бисера“ и Организацијата на жени Будва одбележаа 10 години соработка

Женскиот Центар „Бисера“ Охрид  и Организацијата на жени Будва оваа година одбележаа 10 години заедничка соработка. По тој повод, во Охрид синоќа се одржа модна ревија на модната креаторка од Црна Гора, Јелена Џукановиќ.

повеќе...

Моден перформанс во Археолошкиот музеј

Во Археолошкиот музеј во Скопје синоќа се одржа модна ревија насловена „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50-тите, 60-тите и 70-тите години на XX век“ на која, меѓу многубројните гости, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, првата дама г-ѓа Маја Иванова и други еминентни гости од политичкиот и од културниот живот. Настанот, кој беше во организација на Археолошкиот музеј и на Музејот од Куманово, претставува продолжение на минатогодишниот проект насловен „Модните трендови и културата на живеење од ала франга до современата мода“, кој беше резултат на теренски истражувања…

повеќе...

Охрид домаќин на фестивалот на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери

Денес и утре Охрид е домаќин на две меѓународни манифестации, возобновениот фестивал на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и стануваат препознатлив белег на градов во лето. Како минатата така и годинава фестивалот на „Вино и сирење“ ќе се одржува на плоштадот Чинар во чаршијата. На 20 унифицирани штандови 27 производители од Македонија и од регионот на Корча, Република Албанија ќе ги изложат , виното , сирењето и други производи автентични за овие предели. „Презентацијата на виното и сирењето и денеска и…

повеќе...

Охрид домаќин на 13-та фолклорна ревија

Во Националната установа ЦК ,,Григор Прличев“, денес се одржа 13-та Фолклорна ревија на песни,музика и игри, од Осмиот регион на која покрај претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца настапија и фолклорни групи, дуети и солисти од Здруженијата на пензионерите од Струга,Кичево,Дебар,Македонски Брод,Гостивар,Вевчани и Лабуништа. Повеќе од 120-те фолклористи се претставија со староградски рефрени и изворни песни и ора од руралните средини. Ревијата за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Велат дека активностите во третото доба, многу зависат од духот кој го носиме во себе,…

повеќе...

Ревија на македонски народни носии од богатата ризница на „Танец“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Музејот на македонската борба присуствуваше на ревијата на македонски традиционални народни носии од богатата ризница на Ансамблот на народни игри и песни „Танец“, активност која беше предвидена во рамките на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на оваа институција. „Во својата културна мисија низ децениите, овој колектив, кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на она најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ, за што сведочат и бројните…

повеќе...