Во Каменско отслужена света литургија по повод Тодорова сабота

Денес, во првата сабота од Великиот пост – Тодорова сабота, во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се беше подготвил за соединување со Спасителот во светата Чаша, со пригодна беседа.

повеќе...

Отслужена литургија во „Св.Софија“ за празникот Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија

Денес, на празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Зоран Ставрески. Овој свечен ден стана уште поторжествен, со ракополагањето на ѓаконот Зоран Ставрески во презвитерски чин од раката на Митрополтиот Тимотеј. По…

повеќе...

Вториот Вселенски Собор

Вториот Вселенски Собор Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор беше свикан, во 381 година, во Цариград, за да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Којшто криво учеше тогашниот цариградски патријарх Македониј. Имено, овој духоборен патријарх учеше дека Светиот Дух е Божја твар, а не Божествена ипостас рамна на ипостасите на Отецот и Синот и со нив еднобитна. Македониј беше осуден од Соборот, а Никејскиот Симбол на Верата дополнет со учењето за Светиот Дух.

повеќе...

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Денес е празник посветен на Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски. Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Живеејќи во покаен…

повеќе...

Отслужена света литургија во „Света Софија“ по повод празникот Благоец

Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, по повод празникот Свето Благовештение – Благоец беше отслужена Вечерна богослужба заедно со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Виоскопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игро Никовски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Павел Крцоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Свети Наум Охридски

Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември – по стар календар или 5 јануари по нов календар, а на 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на светителот. Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век. Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа и учител од…

повеќе...