При контрола одземени 13 парчиња риба белвица

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,…

повеќе...

Засилени надзори на вршење на риболовот на Охридско Езеро

При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012 ДООЕЛ од Охрид на ден 15-ти октомври во 22.30 часот кај м.в Рибница во водите на Охридско Езеро затекнати се 2 лица кои вршеа недозволен риболов со мрежи. При вршењето на контролата од страна на овластените лица од концесионерот и Државниот инспекторат за земјоделство користена е софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање по што лицата се идентификувани од…

повеќе...

Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка

Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…

повеќе...

Одземени рибарски мрежи при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“

Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување…

повеќе...

Заедничка акција против недозволен риболов на „Сливот на Охридското Езеро“

Во заеднички акции на Државниот инспекторат за земјоделство одделение за инспекциски надзор од областа на  рибарство и аквакултура и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид од почетокот на Јуни  извршени се повеќе контроли на риболовниот ревир  „Слив на Охридско Езеро“.  На почетокот на Јуни на потегот од с.Климештани до с.Издглавје затекнати се три лица кои вршеа рекреативен риболов со блинкер за лов на пастрмка без поседување на легитимација и дозвола издадена од концесионерот. На ден 09.07.2014 год кај м.в Брана кај с.Волино во водите на река Сатеска…

повеќе...

Забрани за риболов на риболовен ревир „Слив на Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид како концесионер ги известува рекреативните риболовци за забраните за риболов за време на Првомајските празници, на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. Забранети се за риболов следниве видови на риби поради мрест: – Скобуст од 15.04 до 15.05 – Писа од 15.04 до 15.05 – Клен од 01.05 до 31.05 – Мрена од 15.05 до 15.06 – Крап од 01.05 до 31.05 На рекреативната зона „Слатинско Езеро“ сеуште не…

повеќе...