СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата

СВР Охрид, ефикасно и ефективно се справува со сите видови криминалитет и има зголемена ефикасност во откривањето на казнените дела на целото подрачје, рече началникот на одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид, Игор Смилески, на денешната прослава по повод претстојниот 7 мај, денот на македонската полиција и денот на безбедноста. Во 2016 година регистрирани се 1564 казнени дела што претставува намалување за 16 проценти во однос на предминатата година, нагласи началникот Смилески. Тој кажа дека СВР Охрид регистрира намален број на тешки кражби за 15 проценти и бележи зголемена…

повеќе...

Спасески: Позитивни извештаи кои покажуваат успешен четиригодишен мандат

Денешната шеесет и деветта седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на усвојување на годишните извештаи на јавните претпријатија, секторите на локалната самоуправа и образовните институции. Со оглед дека ова е можеби претпоследното свикување на советот во овој состав, свое видување на денешната седница и четиригодишниот мандат имаше секретарот, Димитар Спасески: „Денешната седница на градскиот совет, традиционално, како што налагаат законските одредби до 15 март од тековната година, беше посветена на разгледување и усвојување на годишните извештаи за работата на јавните претпријатија основани од општината, образовните институции и…

повеќе...

Ќе се реконструираат три клучни сообраќајници во Охрид

На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците донесоа одлука за долгорочно домашно задолжување во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2). Имено станува збор за финасиски средства кои ќе се искористат за комплетна реконструкција на три клучни сообраќајници во градот, улиците „Абас Емин“, „Јане Сандански“ и „Јордан Мијалков“ заедно со приклучокот на улицата „Карпош Војвода“. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ова претставува реализација на повеќегодишните барања на жителите од овие улици. „На наше огромно задоволство, благодарение на овие средства ќе може да отпочнеме…

повеќе...

Спасески: Економскиот развој на Охрид е приоритет на актуелната локална власт

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески по изгласувањето на првите пет точки од 59 Седница на Советот на град Охрид кои се однесуваа на Предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици, со став дека одредена група од советниците оваа тема ја претвориле во патетичен обид и дискусијата ја насочиле во друг правец. „Во однос на првите пет точки кога предлог на дневен ред беше исклучиво формирање паралелки со помал број ученици, тоа е една појава која континуирано се случува и процес кој континуирано го одобруваме.…

повеќе...

Секретарот Спасески учествува на „Strong Cities Network Global Summit“ во Турција

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески присуствува на „Strong Cities Network Global Summit” , кој денес и утре се одржува во Анталија, Република Турција. Главна тема на Самитот е заштитата од тероризмот како светска закана со посебен акцент на заштита од тероризам на градовите кои се под заштита на УНЕСКО. Општина Охрид за првпат е поканета да учествува во оваа мрежа што дополнително овозможува Охрид да биде промовиран како светски безбедна туристичка дестинација. Самитот е на високо ниво и на него учествуваат претставници на бројни градови и држави од светот…

повеќе...

Спасески: Како никогаш досега се вложува и инвестира во Образованието во Охрид

По денешната прес конференција на охридските социјалдемократи на тема образование, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, изјави: „Денешната прес конференција на СДСМ во однос на образованието генерално можеме да ја сведеме на три лицемерни поенти. Првата лицемерна поента е фотографијата којашто беше објавена од училиштето во с. Трпејца. Ако од СДСМ, одеа меѓу трпејчани како што тоа го направи градоначалникот Никола Бакрачески и неговиот тим и ако ги прашаа кои се нивните потреби во однос на тоа училиште, луѓето ќе им го кажеа следново: дека и понатаму им треба опстојување…

повеќе...

Спасески: Не треба да се заборави лошото менаџирање на минати локални гарнитури

Советниците во Советот на град Охрид на денешната 52- Седница расправаа за Предлог одлуките за усвојување на извештаите за реализација на програмите на повеќе Сектори од локалната администрација за 2015 година. Секретарот на општината ,Димитар Спасески иако е задоволен од сработеното во различните општински сектори смета дека лошиот начин на менаџирање и работење на минати локални гарнитури не треба да се заборави затоа што истото има последици на сегашноста и иднината. „Не може да се дискутира за определен извештај само за периодот за кој тој се однесува. Народната мудрост ,„Минатото…

повеќе...

Спасески: Претходната локална власт ја создаде депонијата кај „Мауцкер“

На денешната 51 седница на Советот на општина Охрид, градските советници ја разгледаа предлог одлуката за усвојување на Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016 година. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески објаснувајќи зошто оваа Програма е оправдана потсети дека дивата депонија за комунален отпад кај локалитетот „Мауцкер“ е создадена во периодот на претходната локална власт. „На денешната седница на Совет, чудни тези и ставови провеаја во однос на депониите во Охрид пред се за депонијата кај „Мауцкер“. Опозицијата упорно инсистира на провејување на ова тема во…

повеќе...

Се санираат оштетувањата од реката Даљан

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а веднаш по алармирањето за настанати оштетувања, општина Охрид започнува со санирање на штетите што ги направи реката Даљан, на потегот од патот кој води до истоимениот хотел и Извидничкиот центар. Оштетувањата настанаа од поплавите поради проширувањето на коритото на реката. Денеска на финален увид на просторот каде има оштетувања беа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и претставници на стручните служби кои периодов ќе работат на санација на проблемот. Секретарот Спасески информира дека веднаш по дојавата за настанатиот проблем, а на барање на…

повеќе...

Спасески: Капитални проекти се реализираат низ законска и транспарентна постапка

На денешната седница на Советот на општина Охрид, беа донесени неколку одлуки кои се значајни за Охрид. Секретарот на општина Охрид во изјава за медиумите ги истакна придобивките од носењето на овие одлуки. „Сите знаеме дека повеќе од 30 години малото пристаниште е една голема рушевина и не може да се нарече пристаниште, туку тоа е едно небезбедно место кое што во моментов го грди изгледот на градот. Како одговорна Локална самоуправа пристапивме сериозно кон можноста да пристаништето биде реконструирано и ставено во функција на охриѓани и туристите со што…

повеќе...