Се е подготвено за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Во сабота Охрид е домаќин на 29-тиот Охридски пливачки маратон. На 30-километарската патека „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 20 пливачи, 10 мажи и 10 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Канада, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија и Франција. Како минатата така и оваа година општина Охрид застанува зад целокупната техничка организација на овој голем меѓународен настан. „Охридскиот пливачки маратон, како спортски настан со долгогодишна традиција и светско реноме е од голема важност за Локалната самоуправа .…

повеќе...

Охрид наскоро ќе го добие затворениот зелен пазар

„По усвојувањето на Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда во чиј состав ќе биде и покриениот зелен пазар, од страна на Советот на општина Охрид, ќе се пристапи кон потпишување договор со партнерот, со што за кусо време ќе започне реализацијата на овој капитален објект. Реализацијата на овој објект се најавува дваесетина години, а минатото раководство на Локалната самоуправа го ветуваше во сите свои 8 години од мандатот, односно нудеше затворен пазар осум пати, значи Охрид требаше да добие вкупно 8 пазари. За…

повеќе...

Државниот секретар Стефаноски во Брисел – Презентација на годишната националнa програма за членство во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски заедно со државните секретари во Министерствата за Надворешни работи и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Елена Кузмановска и Беким Алими, пред заменик-шефовите на Постојаните мисии на земјите-сојузници на Алијансата ја презентираа годишната национална програма за 2015 година на Република Македонија за пристапување во НАТО. Заклучокот на отворањето на 16-от циклус на Акцискиот план за членство (МАП) на Македонија во НАТО е дека Република Македонија направи извонредни реформи во одбраната и е подготвена да стане членка…

повеќе...

Прес-конференција на секретарот Спасески како одговор на денешните обвинувања од СДСМ – Охрид

Денешната прес конференција на СДСМ предизвика експресна реакција и на Општина Охрид. Аргументите зошто Охрид ќе ги гради трите каптални зафати со продажба на земјиштето на новинарите им ги образложи секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.  „Уште при преземањето на мандатот кај градоначалникот дојде еден наш пријател и познавач на состојбите во градов и човекот ни рече за да бидете успешни за да знаете колку Охрид оди во правилна насока, секогаш носете различни одлуки од оние што ги носеше СДСМ. Го послушавме и до денеска 18 месеци работиме по таа…

повеќе...

Блажески: Ќе донесам и адвокат од Скопје, само за да ги одбранам интересите на граѓаните

Во Основниот суд во Охрид денеска се одржа подготвително рочиште за правната работа против Дејан Блажески, претседател на охридската организација на Либерално-демократската партија и член на Советот на Општина Охрид, тужен од страна за секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески заради навреда и клевета во врска со случајот „Лизгалиште“, кој според Блажески е контроверзен проект. На денешното рочиште Блажески го одби предлогот на судијата за правно помирување и рече дека психијатриското вештачење не му било доставено заедно со тужбата. Како што рече по завршувањето на рочиштето, ја зборува само вистината…

повеќе...

Спасески: СДСМ кога беше на власт го опустоши образованието во Охрид

„Навистина е иронично СДСМ од Охрид, партијата која за време на нивното владеење, го направи најголемиот пустош во образовнието и другите институции , денес на прес- конференција  да зборува за долгови, бидејќи тие направија  астрономски долгови кои треба да ги плаќаат новата Локална самоупрва и граѓаните. Но, сепак среќни не прави фактот што кај СДСМ се јави некаква грижа на совест. Конечно, се потрудиле да најдат некакви бројки во врска со  долговите во образованието. Ќе бевме уште  посреќни доколку имаа доблест за  долговите да зборуваат во времето кога тие ги…

повеќе...

Спасески: Бакрачески за година и половина направи повеќе од колку СДСМ Охрид за цели 8 години

Жестока реакција на Општина Охрид уследи по прес конференцијата на СДСМ. Секретарот Димитар Спасески посочи дека СДСМ повторно ги испревртува фактите и вистината, и седмици по седницата за советнички прашања излегува во јавнсота со прес конференции преку кои безуспешно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и зимислици. Спасески кажа дека од како е дојден на власт градоначалникот Никола Бакрачески за прв пат во историајта на Охрид долгот се намалил за 4 милиони евра, изградени се илјадници метри квадратни асфалт на улиците, нови тротоари, нова водоводна мрежа вредна над…

повеќе...