СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца

Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…

повеќе...

ЕВН да вложи повеќе во Дебрца

По дводневни проблеми со напојување на електрична енергија, конечно денес им светна на лешанци и другите дебрчани, но сепак, како што кажуваат од жители од Дебрца, некои села уште немаат струја. Како што велат тие, изминатиот период прекините биле чести и долготрајни. Причина за ова е како што велат е стариот далеквод и столбовите кои се стари и повеќе од 60 години.  Потребно е, додаваат дебрчани, да се вложи во нова електрична инсталација за да се обезбеди редовно и капацитетно електрично напопјување на сите приклучоци во Дебрца. WebOhrid

повеќе...

Селата од кризниот регион постепено добиваат струја, се пробиваат отсечените места

Се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот ден за кога од УХМР се најавуваат нови снежни врнежи, но со помал интензитет. Прва цел е сите села во Република Македонија да бидат проодни, а тоа се прави со помош на општините и Дирекцијата за заштита и спасување. Во меѓувреме, екипите од ЕВН работат на отстранување на дефектите за сите села да добијат струја, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб. Согласно акцискиот план, појасни тој, се очекува денеска најголем дел…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ деноноќно го собира и транспортира сметот

Одделението „Услужна хигиена“ кое е дел од ЈП „Охридски комуналец“, за време на летната туристичка сезона, деноноќно врши собирање, подигање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад, собирање, подигање, транспортирање и депонирање на друг вид неопасен отпад од физички лица и правни субјекти. Од 01.07.2014 год. воведена е и трета смена за подигнување на отпадот, а ангажирани  се дополнително уште три возила. Едното дополнително  возило кое е од мал обем оперира во втора смена само во страиот дел од градот и го подигнува отпадот. Во трета смена се ангажирани уште две…

повеќе...