Македонската А репрезентација на 28 март ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Белорусија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Најдобрата македонска репрезентација на 24 март со натпреварот на гостински терен против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, а четири дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Белорусија на Националната арена во Скопје. Македонија и Белорусија беа во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2016 година, противникот славеше во Скопје со 2:1, во Минск одигравме без голови. Во својата квалификациска група за…
повеќе...Tag: спорт
„Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Кавадарци
Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари. Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата. На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига. Четвртфиналните натпревари ќе се…
повеќе...Македонија У21 ќе одигра три контролни натпревари против Црна Гора, Бугарија и Грузија
Македонската репрезентација до 21 година наредниот месец ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24 март ќе се соочи со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28 март ќе одигра контрола пресметка против Бугарија до 21 година. Натпреварот со Грузија, исто така на домашен терен, Македонија до 21 година ќе го одигра на 4 јуни. „Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97…
повеќе...Кирил Лазаров најдобар стрелец на Светското првенство 2017
Кирил Лазаров и официјално е прогласен за најдобар стрелец на Светското ракометно првенство 2017 кое се играше во Франција. Капитенот на македонската репрезентација на само шест натпревари постигна 50 голови, со што стана недостижен на листата на стрелци, дури и за оние ракометари кои одиграа повеќе натпревари од Македонија. Ова е втор пат нашиот најдобар ракометар да го освои ова признание, по Светското првенство 2009 во Хрватска, каде Лазаров го постави рекордот на сите времиња, постигнувајќи 92 голови на 9 натпревари. WebOhrid
повеќе...Македонија У21 во група со Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар за ЕУРО 2019
Репрезентацијата на Македонија до 21 година е во групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар. Квалификацискиот циклус за ЕП 2019 во Италија започнува на 20 март годинава, а завршува во октомври 2018 година. Само најдобрата селекција од шесте национални тимови има сигурно место на завршниот турнир, а исто толку второпласирани селекции ќе играат бараж за пласман на континенталното првенство во ноември 2018 година. Српската селекција, заедно со Португалија и Шпанија е наш ривал во Б групата на Европското првенство во Полска…
повеќе...Норвешка 34-24 Македонија
Македонија го заврши настапот на Светското ракометно првенство 2017 во Франција. Нашата репрезентација во осминафиналето претрпе убедлив пораз од Норвешка со 34-24, што значеше и елиминација за Македонија. Во првото полувреме можевме да видиме изедначена битка. Норвешка започна со водство кое го држеше до средината од полувремето кога Македонија успеа да изеначи на два пати за 5-5 и 8-8, а нашата репрезентација еднаш успеа и да го преземе водството 8-9. Но, Норвешка повторно притисна во финишот од првиот дел, го презеде водството и успеа на полувреме да замине со предност…
повеќе...Македонија 27-27 Исланд
Македонија и Исланд ремизираа 27-27 во последниот натпревар од групите на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Нашата репрезентација имаше одличен старт на овој натпревар. Стигнавме до предност од 4:0, но следуваше „од готово – вересија“. Исланд не само што го изедначи резултатот, туку и дојде во водство од 4-5. Следуваше речиси изедначена битка, каде Исланд поведуваше, а Македонија изедначуваше, за на полувреме Исланд да замине со водство од 13-15. Во второто полувреме Исланд успеа да ја зголеми предноста и на +5 голови разлика. Македонија се обиде да…
повеќе...Александар Костоски и Нена Трајчевска – најдобри македонски кошаркари за 2016 година
Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници, легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Наградата најдобар кошаркар на Македонија за 2016 година заслужено претседателот на МКФ, Петар Наумоски му ја врачи на првиот…
повеќе...Македонија 25-29 Шпанија
Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското првенство во Франција. Овој пат, нашата репрезентација изгуби од Шпанија со резултат 25-29. И покрај тоа што Шпанија важеше за голем фаворит, овој натпревар започна сосема рамноправно. И обете репрезентации играа добро и ја имаа предноста наизменично. Нашата репрезентација имаше добра шанса на полувреме да замине и со голема предност, но предноста од 14-11 Шпанија успеа да ја намали и на полувреме се замина со нерешен резултат 14-14. На самиот старт од второто полувреме Македонија дојде во водство, но Шпанија…
повеќе...Светски реномираната компанија „Лимак Холдинг“ ја доби организацијата на кошаркарскиот Куп на Македонија
Светски реномираната компанија со седиште во Турција, Лимак Холдинг ја доби организацијата на годинешниот Кошаркарски Куп на Македонија 2017. За организација на финалниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција на денешната лицитација во просториите на МКФ, Лимак Холдинг како единствен учесник ги откупи правата за организација на натпреварите во националниот Куп, кој годинава ќе го носи името Лимак Куп на Македонија 2017. На лицитацијата во куќата на кошарката претседателот на МКФ Петар Наумоски официјално на генералниот директор Лимак Скопје, Мурат Јурдал му се заблагодари за тоа…
повеќе...