Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници. „Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори…
повеќе...Tag: срце
29ти септември – Светски ден на срцето
Светскиот ден на срцето е востановен во 2000-та година од страна на Светската федерација за срце ( World Heart Federation). Се одбележува ширум светот а има за цел да ја зголеми информираноста на населението дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот со над 17 милиони смртни исходи годишно. Секоја година денот 29-ти септември огромен број здравствени работници, граѓански здруженија, државни иституции стручни асоцијации и многу други го посветуваат на подигнување на свеста за можноста голем број од факторите на ризик за овие заболувања да…
повеќе...Бесплатни здравствени прегледи на стари лица во Охрид и Дебрца
Денес се заокружуваат активностите кои се реализираа во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во организација на Црвен крст Охрид. Во тек се бесплатни здравствени прегледи на стари лица во општината Дебрца, кои ги изведува медицински тим на Црвен крст Охрид, кој го сочинуваат лекар-кардиолог од Клиниката за кардиологија во Скопје, лекар-невролог од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и медицинска сестра. Прегледите ќе се изведуваат и во Охрид на плоштадот Крушевска Република (Чинар) денес од 13:00 часот. Покрај едукативните материјали и совети од стручните лица, на старите…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески вршеше прегледи на охридскиот плоштад по повод Светскиот ден на срцето
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со колегите од матичната установа- Заводот за кардиоваскуларни заболувања, денеска на градскиот плоштад во Охрид , вршеше прегледи и даваше лекарски совети за здравјето на срцето на сите охриѓани кои се одзваа на активностите што по повод овој ден трета година по ред заедно ги организираат Заводот и Општина Охрид. Првиот човек на градов кој по професија е лекар – кардиолог, и кој и покрај бројните градоначалнички обврски и ангажмани секогаш е тука за своите пациенти и…
повеќе...Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес
Почетокот на 2014 година се воведоа нови превентивни мерки и активности кај матичните лекари. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата на Р. Македонија, матичните лекари, за првите шест месеци од 2014 година ја спроведе на 325.000 лица. Фондот во името на своите осигуреници е благодарен на матичните лекари, кои кај здравата популација открија: – ризик од срцеви заболувања кај 55.000 лица, – ризик од дијабетес и дијабетес кај 45.000 лица, – ризик од бубрежни заболувања кај 12.000 лица. Сакаме да напоменеме дека овие бројки се однесуваат…
повеќе...Во недела во центарот на Охрид ќе се одбележи „Светскиот ден на срцето’’
Во недела на 28 септември во центарот на Охрид ќе се одбележи ‘’Светскиот ден на срцето’’. Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид во соработка со Локалната самоуправа на Охрид и годинава ќе бидат главни промотори на низа активности. Настанот ќе отпочне во недела на градскиот плоштад од 9 часот, каде се до 15 часот екипи од доктори и медицински сестри вработени во Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе им бидат на располагање на заинтересираните граѓани, во смисла на правење основни превентивни прегледи (мерење на крвен притисок и правење на електрокардиограм на…
повеќе...