Конкурс за доделување студентски стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за академската 2015/2016 година Општина Охрид ќе додели 30 (триесет) стипендии за редовни студенти на додипломски студии од II,III,IV,VиVI година, од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМакедонија, за академската 2015/2016 година I. Услови за доделување стипендии Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните универзитети…

повеќе...

Интерес за Академијата за филм во Охрид, стипендии за избраните студенти

Над 1.000 посети се регистрирани за два дена на интернет страницата на новоосновата Филмска академија во Охрид, за која се во тек уписите. На Институтот за филм, кој ќе биде придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ќе предаваат професори од петтата најстара филмска школа во светот, ФАМУ од Прага. „Во првата година од функционирањето, Институтот за филм започнува со постдипломски студии на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. Програмите се прилагодени специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ во…

повеќе...

Резултати од конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови во РМ за 2015/2016 година за студентите од повисоките години

Резултати од конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во РМ за студиската 2015/2016 година за студентите од втора и повисоките години.  Студентски домови во Скопје: Примени во СД Гоце Делчев Примени во СД Кузман Јосифовски – Питу Примени во СД Пелагонија Примени во СД Сениќ Примени во СД Стив Наумов (зграда 1 и 2) Примени во СД Стив Наумов (нови бараки) Примени во СД Стив Наумов (трета зграда) Апликанти за Кузман Јосифовски Питу кои се примени во алтернативни домови Апликанти за Стив…

повеќе...

Околу 25.000 слободни места на петте државни универзитети

Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во Македонија за упис во прва година во академската 2015/2016 година. Пријавувањето кандидати во првиот рок почнува оваа недела. На Св. Кирил и Македонија слободни 10.669 места На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се слободни 10.669 места, од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни со кофинансирање на студиите и 1.175 за вонредни студенти. Цената на студиите во државна квота е 200 евра, а со кофинансирање и за вонредни студенти 400 евра. Првиот рок за…

повеќе...

Зголемен бројот на запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59 359 студенти што претставува пораст за 2.8% во однос на академската 2013/2014година. Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32 175 или 54.2%. Најголем број на студенти или 87.3% се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.2 % се запишани на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во академската 2014/2015 година, се запишани 18 942 студенти или 31.9% (тука се опфатени и студентите кои…

повеќе...

ДЗС: Се намалува бројот на ученици и студенти во државните домови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014/2015 година, вкупниот број на ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 406 што претставува намалување за 1.1% во однос на 2013/2014 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 252 ученици. Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат…

повеќе...

Објавен конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2015/2016 година е објавен во печатените медиуми и на интернет страницата www.mon.gov.mk. Согласно Конкурсот, предвидени се вкупно 6.058 слободни места. Распределбата на леглата, ќе се врши согласно Законот за студентски стандард, според кој студентите се делат на три категории: Во првата, опфатени се студентите од ранливите категории, односно од семејства чиишто вкупни приходи не ја надминуваат нето минималната плата утврдена…

повеќе...

Груевски: Досега доделени над 32.000 ваучери за студенти

Проектот за доделување ваучери за таблети со тастатура за студентите чии родители се со пониски примања практично може да се каже дека заврши, и вкупно беа доделени 5.243 ваучери за набавка на таква опрема. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец. „Со ваучерите во вредност од 8.000 денари студентите си набавија таблет со тастатура и тоа е од голема помош на сите студенти чии родители имаат пониски примања или пак се…

повеќе...

Зголемен бројот на дипломирани студенти на високите школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2013 година, е зголемен за 4.0%. Од вкупниот број дипломирани студенти, 79.1% се редовни, а 20.9% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 55.9%. Од вкупниот број студенти, 41.3% дипломирале во рок, додека 58.7% дипломирале по рокот.

повеќе...

Одобрени 5.079 ваучери за таблети на студенти

Дополнителни 296 ваучери за набавка на таблети со тастатура наменети за студенти додели денеска надлежната Комисија по дополнителната проверка на барањата и доставените податоци. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски досега се одобрени 5.079 ваучери за студенти, од кои 3.200 ги подигнале ваучерите од факултетите. „Околу 1.900 се уште не ги подигнале ваучерите и би апелирал до нив што е можно побргу да ги подигнат ваучерите и да ги искористат до 25 јуни за да набават таблет со тастатура“, изјави Ивановски при посетата на компанијата Сетек чија…

повеќе...