Спасов: Продолжува грижата за пензионерите

Во Радовиш денеска се одржуваат 21. Републички пензионерски спортски натпревари на кои учествуваат околу 500 пензионери кои се натпреваруваат во 11 дисциплини. Игрите ги отвори заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој најави дека и во иднина ќе продолжи грижата за пензионерите и ќе се реализираат проектите кои овозможуваат подобар живот за оваа категорија граѓани. „Грижата за пензионерите мора да продолжи, а проектите што ги реализиравме во минатото, ќе продолжат и во иднина бидејќи овие луѓе учествуваа во изградбата на државата, се бореа за независна Македонија и ние мораме…

повеќе...

Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2016 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.

повеќе...

Борбата за нови работни места продолжува – Започна караванот „Македонија вработува 2“

Борбата за нови работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. Борбата за нои работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за врабвотување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. „Иако е лето напорно работиме и продолжуваме со реализација на…

повеќе...

5 јули – Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

повеќе...

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 17 јуни 2016 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

повеќе...

Околу 1.200 млади лица вработени преку проектот „Мрежа Јес“

Олеснување на развојот на работната сила, воспоставување врски меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу пазарот на труд и неговите потреби и вештините што се создаваат преку образовниот систем, меѓу средните училишта, деловната заедница и Агенцијата за вработување имаше за цел проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа Јес). Обуките во рамки на проектот ги посетиле над 4.400 млади лица, од кои 1.200 веќе се вработени. „Проектот ја опфати АВРМ која како институција е клучна во спроведување на владините политики за вработување, односно приближување на мерките и…

повеќе...

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес на прес конференција го најавија новиот повик за оваа мерка, која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата. Ова е само една од мерките што беше воведена со цел намалување на невработеноста и намалување на невработеноста кај младите лица во Република Македонија. Станува збор за…

повеќе...

Договор меѓу Македонија и Албанија за социјално осигурување

Од 1 јуни 2016 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и…

повеќе...

Спасов: Ќе се отворат три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови. „Овие постапки беа закочени во МТСП повеќе од 3,5 месеци. Веднаш по назначувањето интервенирав и ги лоциравме предметите, потоа ги доставивме до Влада и експресно на првата наредна седница таа ги усвои информациите и ги донесе одлуките за давање на одобрувањето“, рече Спасов. Појасни дека станува збор за тројца…

повеќе...

Меѓународна министерска конференција „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”

Вчера и денеска, во Софија, Република Бугарија, се одржува Меѓународна министерска конференција: „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” која што е организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Свое учество на министерката конференција зеде и министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски која говорејќи на темата рече дека во последните децении, Република…

повеќе...