Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid

повеќе...

На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска

Првиот чартер-лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Македонија и еден од најголемите полски тур-оператори, Рего-Бис Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис. Првиот…

повеќе...

Во четврток на охридскиот аеродром пристигнува првиот чартер лет од Катовице

Во четврток, 22 ви јуни на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице – Полска. Како што информираат од ТАВ Македонија авионот на полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines)  ќе пристигне во 10:15 часот. Организатор на најголемиот полски тур-оператор е „Рего-бис“. На настанот пред присутните гости и медиуми ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески; генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој; амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“, Габриела Манка Сокулу.

повеќе...

Охриѓани и гостите Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад

Со огномет, песна и насмевки охриѓани, но и бројните гости Новата 2017-та година ја дочекаа на Охридскиот плоштад. На температура неколку степени под нулата, охриѓани и гостите се забавуваа до раните утрински часови, а за добрата забава на Градскиот плоштад се погрижија пејачите Елена Велевска и Ѓоко Танески.

повеќе...

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад во Охрид

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг започнa попладнево со настап на ди-џеј Аце. Вечерва од 22:00 до 22:45 часот ќе настапи ди-џеј Нести, потоа ќе следи настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со пејачката Елена Велевска. WebOhrid

повеќе...

СВР Охрид им делеше новогодишни лампиони на возачите

Во пресрет на новата 2017 година, СВР Охрид, ја реализира традиционалната активност – новогодишен подарок за туристите. На булеварот „Македонски просветители“ пред кружниот тек на Градскиот плоштад, портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски, заедно со неколку полициски службеници им доделија лампиони на возачите. „На овој начин, со доделување на новогодишен лампион, сакаме на охриѓани и на туристите кои ќе слават во Охрид, да им посакаме среќна и безбедна 2017 година.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. WebOhrid

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во првите осум месеци во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2016 година изнесува 156 763, а бројот на ноќевањата изнесува 694 641. Бројот на туристите во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 7.2%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.9%. Бројот на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 4.5%, а бројот на странските туристи е намален за 10.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август…

повеќе...

И струшките плажи полни со гости

Деновиве и струшките плажи се полни со гости од земјава и странство кои спасот од горештините го бараат токму покрај убавото Охридско Езеро, односно се разладуваат во водата. Интересно е тоа што на струшките плажи можеа да се видат и повеќе лебеди кои се дружеа со капачите, особено со најмладите, не само во водата, туку и на копно. WebOhrid

повеќе...

Охрид се полни со гости, раздвижено низ охридската чаршија

Охриѓани и многу гости од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, шеталиштата, летните бавчи во градот како и по кафулињата. Во Охрид се одржуваат културни манифестации, концерти на балкански и светски познати имиња што дополнително ги привлекуваат туристите. Се очекува викендов бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми. WebOhrid

повеќе...

Зголемен бројот на домашни и странски туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2016 година изнесува 86 234, а бројот на ноќевањата изнесува 172 355. Бројот на туристите во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 5.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.8%. Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6.7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај…

повеќе...