ЈП „Нискоградба“ со активности на улица „Питу Гули“

Јавното претпријатие „НИСКОГРАДБА“ секојдневно презема активности за одржување на канализациониот систем и цевководите на градот. На улица „Питу Гули“ во тек е активност за преприклучување на фекалните приклучоци во мрежата за фекална канализација и уличните сливници во атмосферската канализација. До сега нивната функционалност беше оневозможена од приклучување на фекални води во атмосферската канализација и обратно. Со оваа активност на Јавното претпријатие ќе се изврши одвојување на фекалната од атмосферската канализација и ќе се постигне зголемена функционалност и на двете линии.

повеќе...

Отворена градинка во други просторни услови во ОУ „Кочо Рацин“ на ул. Радојца Новичиќ

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески и директорката на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Јасна Ристеска“, Розе Костеска денес свечено отворија група за вршење на одделни услуги од својата дејност во други просторни услови во ОУ „Кочо Рацин“ на улицата Радојца Новичиќ. „Ова претставува трет ваков проект што се реализира изминатите неколку месеци во рамки на општина Охрид и би сакал да му честитам на градоначалникот и сите вработени во општината, на Советот за вложениот труд, напор, во насока на…

повеќе...

Дрво падна врз автомобил „Југо“ во Охрид

Синоќа во Охрид, на улицата  „Мирче Ацев“  поради обилните снежни врнежи се скрши дрво, при што падна врз автомобил „Југо“ со охридски регистарски таблички кое беше паркирано. Како што дознаваме направен бил увид и записник од страна на крим техника. WebOhrid

повеќе...

Саниран е мостот на улица „Гоце Делчев“ во УЗ Воска- Далјан

Во текот на денешниот ден се очекува да завршат градежните активности на ЈП Нискоградба за санацијата на мостот на реката “Грашница“ во УЗ Воска -Далјан. Проектот го реализираше ЈП Нискоградба чии техничко -оперативни екипи максимално ажурно ги извршуваа градежните зафати и покрај лошите временски услови. Покрај санацијата на мостот на река Грашница се поставија и бехатон плочки околу мостот во должина од 60 метри. Санацијата на овој мост беше дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности во делот на санација на оштетените мостови на територијата на…

повеќе...

Се уредува дрворедот на улица „Македонски Просветители“

По налог на Секторот за комунална дејност, сообраќај и улици при Општина Охрид а по претходно добиено одобрение и согласност од одделението за екологија и заштита на животната средина,денес оперативни екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, пристапија кон кастрење на гранките на дрвјата по должината на улицата „Македонски Просветители“. Оваа акција на ЈП “Охридски комуналец“, е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по ул. „Македонски Просветители“ беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во…

повеќе...

Од понеделник до петок ќе се врши уредување на дрворедите на ул „Македонски Просветители”

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид, известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на активностите. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите: 1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на „Кеј Македонија”со улицата „Партизанска”; 2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.„Партизанска” до улицата „Димитар Влахов”; 3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата „Димитар Влахов”до „Даме Груев”; 4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од „Даме…

повеќе...

Се расчистува речното корито на река Грашница

По налог на Општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на река Грашница и околниот простор, на потегот од „Булевар Туристичка“ до пресекот со ул. „Гоце Делчев“. „Речното корито се расчистува рачно од натрупаниот отпад, како и израснатата вегетација, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец. Оттаму додаваат дека со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште .

повеќе...

Повторно блесна улицата „Кузман Капидан“

По дојава на граѓаните од улицата „Кузман Капидан“ во стариот дел на градот за проблем со уличното осветлување ,стручните служби од Секторот за комунален развој, по констатирање на дефект го отстранија истиот во најкус можен рок а улицата е повторно целосно осветлена. Од Секторот за комунален развој при општина Охрид со апел до граѓаните навремено да пријавуваат вакви или слични проблеми со електричната мрежа на јавното улично осветлување со цел по дојавата веднаш да се дејствува на терен.

повеќе...

Се поставува фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“. Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии. По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овој долгогодишен проблем ќе се реши.

повеќе...

Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација

Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…

повеќе...