Запленети 117 литри алкохол и 23 кутии цигари без бандероли

Во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока, заеднички тимови на Царинската управа и Управата за јавни приходи во периодот од 27 – 30 јули извршија координирани контроли на 50-тина објекти каде се продава ваква стока (кафе барови, ресторани, маркети и продавници). Контроли беа спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп. Во 13 објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари. Притоа привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена…

повеќе...

Запленети пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони

Mинатата недела царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони и регистарски таблички. Златни монети – 2 парчиња британски златни монети од 1879, односно 1892 година со лик на кралицата Викторија од едната страна и Свети Ѓорѓи од друга странасепронајдени помеѓу личните работи на грчки државјанин, возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблици кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Пиштол, куршуми и марихуана – пиштол марка ZORAKI–M 906 со 5 куршуми марка…

повеќе...

Запленети цигари и алкохол, девизи, техничка стока и фалсификат прашок за перење

Mинатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, технички производи, алат, медицински материјали, средства за лична хигиена, козметика и фалсификати. Во соработка со Полицијата, спречен е и 1 обид за шверц на хероин. Задржана е следната стока: Цигари – 185 штеки цигари марка PALLMALL со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле сокриени во два специјално подготвени бункери во фиоката за документи пред совозачкото…

повеќе...

Македонски државјани фатени во обид да прошверцуваат околу 2 кг хероин

На 25-ти март во 04:30 часот на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријави автобус сопственост на турската превозна компанија „Јадран Туризам“ со турски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга, со 43 патници. Автобусот беше селектиран за детална контрола. При контролата, во багажниот простор во црна патна торба со дупло дно, царинските службеници пронајдоа 4 црни кеси обвиткани со селотејп, наполнети со кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 2 кг, која на тестер за наркотици „NIK“ покажа дека се работи за наркотична…

повеќе...

Најуспешна Царинска испостава за периодот април – јуни

Во насока и со целосна посветеност за остварување на стратешките цели, Царинската управа континуирано работи на подобрување и олеснување на царинските процедури преку поедноставување и забрзување на економските активности, унапредување на капацитетот за контрола врз примената на законите, унапредување на административната и логистичката поддршка, како и преку инвестирање во вработените и тоа не само преку стручното оспособување, туку и нивна мотивација. Од тие причини и со цел поттикнување на натпреварувачкиот дух, Царинската управа воведе нов систем на избор на најуспешни царински испостави. Изборот за најуспешна испостава се врши за секој…

повеќе...

Брзо и безбедно преку граница

Царинската управа на Република Македонија ги потсетува патниците кои имаат намера да ја преминуваат македонската граница за важечката царинска регулатива за патнички промет, со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока. Таканаречениот „зелен канал“, таму каде што постои, патниците можат да го користат само доколку не поседуваат стока која подлежи на плаќање увозни давачки. Во спротивно се користи „црвениот канал“, се пријавува сé што патникот носи со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини…

повеќе...