ОУ „Живко Чинго“ се вклучи во одбележувањето на Денот на шегата

Учениците од одделенска настава при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и дечињата од градинката која е во рамки на училиштето денес се вклучија во одбележувањето на 1-ви април- Денот на шегата. „Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“- велат од училиштето. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Во рамките на наставата по предметот „ Општество“ , денеска ученици од трето и четврто одделение од ОУ „ Христо Узунов“ ја посетија Општина Охрид. Дечињата имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, а посетија и неколку сектори и одделенија на локалната администрација. Учеиците од ОУ „ Христо Узунов“ се интересираа кои се органите на Локалната самоупрва и кои се нивните обврски, како се планираат и реализираат проектите во многу области и каква е соработката со централната власт и нејзините институции.

повеќе...

Голем успех на средношколци од „Јахја Кемал“ на Државниот натпревар по математика

Средношколци од „Јахја Кемал“ од Струга постигнаа голем успех на 59тиот Државен натпревар по математика.  Тие, на 9-ти април ќе учествуваат на Македонската математичка олимпијада, која ќе се одржи во ФЕИТ Св.Кирил и Методиј, Скопје. WebOhrid

повеќе...

„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “ – Охрид денес беше посетено од страна на „Библиотеката на тркала“ што е во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Оваа активност е со цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое се посетуваат училиштата од сите региони во државата за да им се овозможи пристап до материјали за учење…

повеќе...

Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на филмската академија

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков. Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците учествуваа со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага. Училиштето изразува голема благодарност до Филмската академија и се надева на понатамошна соработка, што ќе…

повеќе...

Основците од „Братство – Единство“ во посета на Општина Охрид

Учениците од ОУ „Братство – Единство“ денес ја посетија Локалната самоуправа. Посетата на основците е во рамките на наставната програма за трето и четврто одделение по предметот „Општество“, при што учениците имаа можност, практично да се запознаат со работатa на општинската администрација.

повеќе...

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Во рамките на наставната програма за четврто одделение по предметот „Општество“, денес во посета на Локалната самоуправа беа учениците од ОУ „Христо Узунов“. За функционирањето, организацијата и овластувањата на општинската администрација, пред учениците зборуваа секретарот Димитар Спасески и советникот Ангел Јанев. Учениците имаа можност да се запознаат посебно, со работата на секторот за образование и одделенитето за односи со јавност.

повеќе...

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на конкурсот „The Winter Holiday Art Contest“

Ученици од трето одделение од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на интернационалниот конкурс „The Winter Holiday Art Contest“. „Од пет ученици од III-2 одделение, од нашето училиште под менторство на наставничката Виолета Петковска тројца влегоа во потесниот избор. Тоа се учениците Анабела Стефаноска, Стефанија Алачкоска и Јана Иваноска кои добија сертификати.“- информираат од ОУ „Кочо Рацин“.

повеќе...

Доделени стипендиите за учениците и студентите од Охрид

Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески на 85 ученици и студенти од Охрид, кои учестуваа на конкурсот распишан од локалната самоуправа, им ги врачи договорите за стипендии за учебната 2015/16 година. Градоначалникот Бакрачески, во своето обраќање истакна дека локална самоуправа денес го заокружува годинашниот проект за доделување на стипендии на талентираните ученици и студенти, со што се исполнува даденото ветување дека од година во година средствата кои ќе се издвојуваат за оваа намена перманентно ќе растат. „Во однос на минатата учебна година, годинава имаме зголемување и на бројот на…

повеќе...

МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар

Министерството за образование и наука објави конкурс за парични награди за основци и средношколци и за нивните наставници-ментори за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки. Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а условот е на меѓународниот натпревар да учестувуваат најмалку десет држави. За прва освоена награда МОН ќе додели 50 отсто од просечна нето плата во РМ, 40 отсто за втора и 30 отсто за трета награда. Конкурсот се организира втора година, на минатогодишниот им биле доделени на 20 ученици кои…

повеќе...