Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2016/2017

Општина Охрид за учебната 2016/2017 година ќе додели вкупно 100 ученички стипендии и тоа: 25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ; 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид; 25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид и 25 (дваесет и…

повеќе...

Општина Охрид со поддршка за талентираните

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во својот кабинет ги прими ученичките од Охрид кои освоиле први места или завидни резултати на републички или меѓународни натпревари по математика и физика, Ангела Трпческа, Христина Митреска , Софија Димоска и менторот на Сања Симоновиќ која веќе отпатува на студии во Америка . Средбата беше во насока на мотивирање на учениците во понатамошниот процес на освојување на знаења, а во исто време тие да се поттикнат и ориентираат кон постигнување понатамошни успеси како фундамент или есенција во градење на основите и темелите на…

повеќе...

СДСМ: Учебната година започна без учебници, клупи и столчиња!

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои: Заменик-министерот за образование Спиро Ристивски, кадар на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, излажа дека се е подготвено за учебната година – многу ученици се сеуште без учебници, а има и такви кои се без клупи и столчиња. Поради доцнење на тендерските набавки, неизвесно е кога сите ученици ќе ги добијат своите учебници. За оваа состојба директно е виновно Министерството за образование и наука, кое ги отвори понудите од јавната набавка на опрема за основни и средни училишта на само четири дена пред почетокот…

повеќе...

Советувања на родители и во оваа учебна година

Во училиштата и годинава ќе продолжат индивидуалните или групни советувања на родители чии деца (ученици) се однесуваат несоодветно и асоцијално, не посетуваат редовно настава или имаат намален успех во учењето. За проектот, кој се спроведува пет години, законски се обврзани стручните психолошко-педагошки служби во основните и во средните училишта. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече дека во периодот откога е воведен проектот, реализирани се речиси 70.000 советувања од кои над половината се советувања на родители на средношколци. „Во многу случаи има повторувања, односно ист родител…

повеќе...

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор кој до училиштата ќе биде дистрибуиран во наредните денови. Мерката ја најави Владата на РМ и ќе ја спроведе Министерството за образование и наука. „Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во…

повеќе...

Започна новата учебна година

Учениците од денес се врaќаат вo училишните клупи. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение трaaт и вo текoт нa септември. Денес ќе пoчне нaстaвaтa и вo училиштaтa вo нaселените местa вo пoплaвените подрачја во Скопско. Кaкo штo инфoрмирaaт oд МOН, oпштините ги сaнирaaт штетите вo училишните oбјекти, се врши дезинфекцијa, дезинсекцијa и дерaтизaцијa зa дa се oбезбедaт…

повеќе...

Вкупно 700.000 евра достапни за средните стручни училишта

Стимулативната грант програма чија цел е поврзување на средните стручни училишта со бизнис заедницата, заради унапредување на практичните вештини и знаења на учениците и создавање на квалитетен кадар, подготвен за настап на пазарот на трудот, започна со реализација, информираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој додаде дека на јавниот повик објавен во месец април, аплицирале 43 училишта со вкупно 110 предлог проекти, за доделување на неколку типови на грантови во висина од 5.000 до 20.000 евра и тоа: за финансирање на проекти за реализација на практичната настава…

повеќе...

Директорот на АМС, Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа. Заедно со нас се спортистите каратистот Мартин Несторовски и кошаркарот Огнен Стојановски, кои имаа можност да поразговараат и да ги пренесат своите искуства на учесниците на спортскиот камп. Воедно во текот на училишниот спортски камп учество ќе земат и други врвни спортски имиња кои се дел од македонските спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков,…

повеќе...

Во Охрид од 27 јуни до 9 јули ќе се одржи Училишниот спортски камп 2016

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод започнувањето на Училишниот спортски камп 2016 година кој ќе се одржи во Охрид во две смени започнувајќи со првата смена од 27 јуни до 2 јули и втора смена од 4 јули до 9 јули. На прес-конференцијата се обратија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија Александар Туфекчиевски и координаторот на кампот проф. д-р Зоран Радиќ. Директорот Спасески истакна дека училишниот спортски камп преставува награда за…

повеќе...

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтоодделенците (на 13 јуни), а за сите други ученици резултатите ќе бидат познати…

повеќе...