ФЗОМ: Околу 6800 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Стратешка определба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се квалитетни, ефикасни и брзи услуги за осигурениците, здравствените работници и компаниите. За таа цел, Фондот услугите ги направи достапни и по елетронкси пат, со што сите осигуреници, компании и здравствените работници можат да ги добијат бараните услуги во време кое најмногу им одговара од својот дом, односно од своето работно место. Од воведувањето на електронските услуги, 6753 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат…

повеќе...

„Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираното

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика. „Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, со задоволство може да констатираме дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме.…

повеќе...

ФЗОМ: Околу 3500 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, од ФЗОМ овозможуваат сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ. Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од…

повеќе...

ФЗОМ: Граѓаните кои не ги подигнале здравствените картички да дојдат и да ги подигнат во подрачните служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките. Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните кои не си ги подигнале картичките да дојдат и да си ги подигнат во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и активирањето на новите картички, или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на…

повеќе...

Лицата со ниски примања нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување

На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2015…

повеќе...

Резултати од спроведени превентивните цели кај матичните лекари и воведување нови двогодишни цели за 2016-2017

Со реализацијата на проектот на Владата за превенција на трите хронични незаразни заболувања – кардиоваскуларни, бубрежни заболувања и дијабетес, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Фондот, заедно со Лекарската Комора на Македонија и Здружението на приватни лекари на Македонија, лекарските здруженија и другите чинители на здравствениот систем, во договорите за 2014 година со приватните здравствени установи, воведе три цели како приоритет за превенција, информираат од ФЗОМ. Периодот во кој се спроведуваа договорените превентивни прегледи кај матичниот лекар…

повеќе...

Продолжува проектот „Фондот поблиску до пензионерите” и во 2016 година

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција од јавен интерес во здравствениот систем на Република Македонија продолжува со својата отворена и конструктивна соработка со сите субјекти во здравствениот систем, во рамките на своите надлежности и согласно законските прописи. Важен чинител во здрвавствениот систем се здруженијаата на граѓани, а посебно место има Сојузот на пензионери на Македонија. „Фондот за здравствено осигурување има одлична соработка со Сојузот на пензионери на Македонија и на взамено задоволство заеднички утврди дека поради големиот интерес од страна на пензионерите за едукативни работилници, во 2016…

повеќе...

Резултати од кол центарот за хронични пациенти

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните кои досега контактираа 19.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања се одвива според планираната динамика. „Со задоволство може да констатираме од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во овој период од три месеци дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме. Иако од досегашните јавувања се чини дека осигурениците се…

повеќе...

Договор помеѓу Македонија и Словачка за социјално и здравствено осигурување

На 1 декември 2015 година стапи во сила Договорот помеѓу Република Македонија и Словачка за социјално осигурување на основа на кој осигурените лица на едната држава договорничка за време на привремен или за време на постојан престој на територија на другата држава договорничка, можат да користат бесплатни здравствени услуги. Фондот за здравствено осигурување на Македонија потпиша Договор за користење на европската картичка за здравствено осигурување (EHIC) на територијата на Република Македонија за осигурените лица на Словачка кој ќе се применува со стапувањето во сила на Договорот. На основа на Европската…

повеќе...

Олеснување на казнената политика – нови поволности во работењето на матичните лекари и стоматолозите

Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опомената ќе замени голем дел на казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме да ја зајакнеме партнерската улога со лекарите. Измените се следни: Осум договорни казни од ¼ капитација ги префрливме во опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во…

повеќе...