Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигуреници дека од 20 ноември 2014 година, заверка на потврди за отопедаски помагала кои до сега се вршеа во подрачната служба во центар, ќе се вршат и на истурените шалтери на ФЗОМ во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Драчево, Чаир, Шуто Оризари и истурениот шалтер во општина Илинден. Работно време на истурените шалтери е секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. Правото на осигуреникот за заверка на одредено ортопедско помагало, според критериуми дефинирани во Правилникот за ортопедски помагала, отсега ќе…
повеќе...Tag: фзом
Надоместокот на плата нема да биде на товар на фирмите
ФЗОМ никогаш не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите, како што некој шпекулира. Не го разбирам мотивот зашто јавноста беше дезинформирана од разни медиуми, но јасна е тенденцијата да се креира неизвесност и неоснована критика за добар проект и добри намери. Ова денеска го изјави директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова за проектот на Владата на Република Македонија „Побрза исплата на надоместоци”. Според Парнарџиева-Змејкова, мотивот на фондот за сите проекти е секогаш да се подобри одредено право на осигурениците, во случајов правото на болниот и…
повеќе...Газдите да плаќаат породилно, а државата ќе им ги врати парите
Надоместокот за породилно отсуство да го плаќаат газдите на фирмите, заедно со исплата на платите на останатите вработени, а потоа да бараат поврат на средства од државата. Ова е суштината на проектот “Побрза исплата на надоместокот за породилно отсуство”, кој го подготви Фондот за здравствено осигурување и кој допрва треба да го предложи на одобрување во Владата. Од ФЗОМ велат дека идејата на овој проект, кој би се реализирал како владина мерка за побрза исплата на породилното, е да се намали временската дупка за првата исплата на породилните и идните…
повеќе...Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за информациски системи на ФЗОМ
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, и го врачи Сертификатот за функционалност на информацискиот систем, што претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на институцијата. „Фондот за здравствено осигурување е четвртата институција која се здобива со сертификатот, после Царинската Управа, Народната Банка на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“- рече министерот Ивановски. Тој напомена дека Сертификатот го користат органите на државната управа при комуникација и…
повеќе...Охрид е дел од кампањата за рационална употреба на антибиотици
Во рамките на кампањата за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција, во четврток на 9 октомври 2014 година во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот ќе се одржи еднодневен семинар. Целта на кампањата е на здравствените работници, но и на населението на локално ниво, превентивно да се отвори расправа за нерационалната употреба на антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска резистенција (АМР). Семинарите ќе понудат информации за активностите на Светската здраствена организација и Министерството за здравство, состојбата со резистенција во Република Македонија…
повеќе...Учество на директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази на обука за менаџери на здравствени системи во Албанија
Директорот на Фондот за здравство услуги осигурување на Македонија, Џамали Мехази на 11 и 12 септември 2014 учествува на обука за менаџери на здравствени системи во земјите од Балканот, на тема “ Системот на националното финансирање на здравствени услуги; анализа на трошоци и ДСГ – дијагностичко сродни групи” организирано од универзитетот “ Нашата госпоѓаод добар совет ” Тирана, Албанија. Овој тренинг се одржа во Тирана, во соработка со регионот на Тоскана, Италија и Универзитетот во Фиренца, Италија. Директор Мехази, како дел од панелот на предавачи, ги презентираше искуствата на ФЗОМ…
повеќе...За електронско склучување на анекс на договор со здравствените установи од дејноста општа медицина, гинекологија и општа стоматологија
На Управниот одбор на Фондот се усвои анекс на договор со давателите на здравствени услуги од дејноста општа медицина (1524), гинекологија (137) и стоматологија (1136). Со новиот анекс договор е овозможено во случај кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот да не го раскинува еднострано договорот, ако не е вработен лекар замена по истекот на 35 дена, но најмногу до 270 дена од настанување на случајот. Како доказ, здравствената установатреба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од АВРМ. До вработувањето на новиот лекар…
повеќе...Едношалтерскиот систем и љубезноста на вработените најпозитивни во работењето на ФЗОМ
Фондот за здравствено осигурување напредува за две места споредено со минатата година, на листата на оценети институции според методологијата „Барометар на квалитет на институциите„ Најдобри резултати се постигнати во однос на искористувањето на едношалтерскиот систем, љубезноста на вработените и телефонските јавувања на „тајните клиенти“. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева – Змејкова посочи дека има голем број електронски услуги кои оваа институција ги воведе минатата година кои позитивно ќе влијаат врз резултатите при спроведувањето на анкетите.…
повеќе...ФЗОМ и Kлиника за пулмологија работат на намалување на смртноста кај пациентите со хронично опструктивна белодробна болест
ФЗОМ и Клиниката со пулмологија заедно работат на намалување на смртноста кај пациентите со ХОББ. За таа цел, ФЗОМ обезбеди наменски буџет во вредност од 1.7 милиони денари за Клиниката за пулмологија (условен буџет) за 50 апарати (концетратори на кислород) за кислородна терапија во домашни услови на пациенти кои имаат ХОББ, хронично опструктивната белодробна болест, која е едно од најчестите хронични заболувања на белите дробови. Кислородна терапија кај пациентите со ХОББ е потребна за да се спречат влошувањата, да се подобри толеранцијата на напор и да се подобри квалиетот на…
повеќе...ФЗОМ со две новини кои се однесуваат за остварување на правото за ин-витро како и здравствено осигурување за иселениците
ФЗОМ ја информира јавноста за две новини кои се однесуваат за остварување на правото за ин-витро како и здравствено осигурување за иселениците. Првата новина се однесува на измени во Правилникот за биомедицинско потпомогнато оплодување (ин-витро), со цел да се овозможи и олесни постапката за остварување на правото на осигурениците-брачни парови кои се лекуваат од стерилитет. Имено со оваа измена која стапува на сила по 16.08.2014 се овозможи осигуреничките кои имаат ограничена оваријална резерва на јајниците и отстапување од нормалните вредности на одредени хормони (FSH и anti-Mullerian хормон во серум) како…
повеќе...