Јавна објава до сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на општина Охрид

Врз основа на законот за комунални такси (Сл.весник на Република Македонија бр.61/2004,64/2005,92/2007 и 123/2012), а согласно Законот за општа управна постапка (Сл.весник на РМ бр.38/2005,110/2008,118/2008 и 51/2011) Градоначалникот на Општина Охрид, објавува: JAВНА ОБЈАВА До сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОВИКУВААТ: 1. Да го подигнат решението за Комунална такса за фирма за 2015 година во најкраток можен рок. *за обврзници кои немаат добиено решение. 2. Да ги измират заостанатите обврски: *за обврзници кои должат по основ на  Комунална такса за фирма.…

повеќе...

Половина од домашните компании користат социјални мрежи да се промовираат

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59.1% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11.4% од вработените во деловните субјекти. Половината (49.8%) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно…

повеќе...

Нови 30 милиони евра евтини пари на располагање на домашните фирми

Домашните компании имаат можност до крајот на годинава да искористат средства во износ од 30 милиони евра преку поволната кредитна линија од Македонска банка за поддршка на развојот со субвенционирана камата, којашто не е поголема од 5,5 отсто, најави вчера премиерот Никола Груевски. „МБПР има значајна кредитна линија што ја обезбеди Владата, која многу им помага на домашните компании. Досега Владата обезбеди 350 милиони евра главно од Европската инвестициска банка со кои се овозможи субвенционирана камата со голем рок на отплата од осум и повеќе години“, рече премиерот Груевски нагласувајќи…

повеќе...

Ставрески: Индустриските зони успешен проект, поддршка за домашните фирми

Проектот на Владата и на локалните самоуправи за изградба на најмалку една индустриска зона во секоја општина во Македонија е еден од најзначајните за поддршка на домашните фирми и стопанство, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. При посетата на фирми во индустриските зони во Василево, Ставрески потенцира дека со овој проект се создадени услови од аспект на изградба на целосна инфраструктура, улици, канализации, приклучок за електрична енергија, водовод и се што им е потребно на домашните бизнисмени. За тие прашања, како што рече, тие не размислуваат, туку…

повеќе...

Владата ги утврди и достави до Собранието законите за намалување на казните за фирмите

Владата на вчерашната седница усвоила 78 материјални закони со кои се заокружува целосното функционирање на системот за намалување на казните. Предлог-законите се испратени до Парламентот и во најскоро време се очекува да бидат усвоени. Премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на дебарско-реканскиот крај, посочи дека се исполнува уште едно ветување дадено пред изборите кое не можело да се реализира по победата во 2014 година иако бил донесен закон затоа што не можело да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието. „Казните ќе бидат намалени за неколку пати. За помалите…

повеќе...

Обезбедени нови 100 милиони евра за фирмите

Во насока на поддршка на стопанството, обезбедени се нови 100 милиони евра за фирмите со субвенционирана камата од 5,5 отсто, обезбедени преку ЕИБ, а кои се реализираат преку МБПР и домашните банки. Со ова е исполнето уште едно ветувањето на премиерот Никола Груевски. Имено Груевски во април минатата година на митингот од Битола вети нова кредитна линија од 100 милиони евра со 5,5 отсто камата за фирмите. „И во новата програма ветуваме дека ќе има уште една таква кредитна линија од 100 милиони евра што сигурно ќе ги покрие народните…

повеќе...

Ставрески: Намалените казни значајни за малите и средните фирми

Намалувањето на казните за домашните компании заедно со многу други донесени мерки ја прави Македонија една од земјите со најдобра бизнис клима во Европа и овозможува и понатаму македонското стопанство да остварува добри резултати, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Со намалените казни за фирмите, укажа, се исполнува големо ветување од Владата кон домашните фирми и се придонесува за натамошно подобрување на нивниот амбиент за работа. Драстично се намалуваат казните за фирмите, што, пред се, е значајно за малите и средните претпријатија. „Кај малите фирми казните ќе…

повеќе...

Сметките за вода за фирмите од април само во електронска форма

Од 1 април, идната година јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за команиите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење. Како што инфорира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат по електронски пат, со што ќе се намали праксата кога им се губат сметките и не можат да ги најдат. „На овој начин, граѓаните ќе се осигураат дека сметките…

повеќе...

Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

Во врска со трите предложени модели за побрза исплата на надоместоци и боледувања, Владата на Република Македонија, на последната Владина седница, одлучи дека најповолен е третиот модел на административно олеснување. Причините за реализација на овој проект делумно се поради ненавремената исплата на надоместокот, за што, според анализите на Фондот, во голем број причините се и кај самите фирми, поради ненавремените поднесоци од нивна страна,како и поради грешките вопресметките за надоместокот. Токму затоа Фондот направи широка дебата со претставници на Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Македонија, Организацијата на работодавачи на…

повеќе...

Јавна објава до сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територија на Општина Охрид

Општина Охрид, ги повикува сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територија на општина Охрид и кои се уште ја немаат измирено комуналната такса да го сторат тоа во најкраток можен рок. Исто така обврзниците кои немаат добиено решенија се повикуваат да го подигнат истото во нај краток можен рок. ЈАВНА ОБЈАВА ДО СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ПОСЕДУВААТ ФИРМА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД

повеќе...