Викендов штрајкуваат царинските служби во Грција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби се известени дека во периодот од 20.05-23.05.2016 година царинските служби ќе штрајкуваат. Односно на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и ГП „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на ГП „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Р.Грција ќе се одвива со прекини. Односно после секои два…

повеќе...

Судската администрација од денеска во тридневен штрајк

Вработените во судската администрација од денеска стапуваат во тридневен штрајк, поради, како што велат, незадоволството од примањата и од лошите услови за работа. Организаторите од Синдикатот на управата и правосудните органи (УПОЗ), како и здруженијата на граѓани и на судска администрација велат дека на денот на штрајкот, судовите делумно ќе функционираат, додека случаите за итна постапка и притвор нормално ќе работат. Според најавите, тие еден час од своето работно време ќе го поминат седејќи во ходникот, а последниот ден од планираниот тридневен штрајк ќе го поминат пред три институции, Влада,…

повеќе...

Обраќање од вработените во охридската Гимназија кои штрајкуваат

Преку допис до медиумите, се обратија вработените во охридската Гимназија кои штрајкуваат. Во дописот стои: Почитувани родители, ученици, колеги и сограѓани !!! Зарем дојде моментот кога значењето на зборот ДАСКАЛ треба да се бара во речник?! Тоа е човекот кој со своето знаење креира личности – идниот столб на општеството. Во успехот на возрасните лежи и дел од тие што ги воспитувале, образовале. За потсетување, учителот отсекогаш важел за важен човек, почитуван, мудар кој ги учел своите ученици на доблести, морални вредности. Градел од нив луѓе кои ќе станат стожер…

повеќе...

ОСУ „Св.Климент Охридски ќе се приклучи кон штрајкот во образованието

Од Синдикалната организација при Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ известуваат дека на состанокот на Синдикалната организација, се донесе одлука, почнувајќи од 2-ри февруари понеделник, вработените во училиштето да се приклучат кон генералниот штрајк во образованието во организација на СОНК. За таа цел формиран е штрајкувачки одбор кој до директорот достави известување со барање да се обебедат соодветните услови за остварување на правото на штрајк на вработените.

повеќе...

Писмо: Вo предвечерието на втората недела од штрајкот на просветните работници

Отворено писмо до Министерството за необразование околу штрајкот, контра штрајкот, чаушите во министерството и СННН (синдикатот за необразование, ненаука и некултура). Свесен сум дека ова мое писмо кај многу медиуми нема да види бел ден ама ги разбирам. Знам дека голем дел новинари, главни уредници-мои добри  пријатели, веќе утре ќе почнат мене или преку мои пријатели да ни се правдаат и да се извинуваат што нема да го објават ова, но што да се прави. Ги жалам но неможам да им помогнам. На никого лично ни по име ни по…

повеќе...

Охридскиот СОНК не го поддржува штрајкот, бара преговори

Регионалниот одбор на СОНК од Охрид денеска соопшти дека според сознанијата добиени од претседателите на синдикалните организации во регионот во инситуциите што ги покрива СОНК од Охрид не се формира штрајкувачки одбор што значи дека членството во Охрид не дава поддршка на штрајкот закажан од раководството на СОНК за 20 јануари, пренесува МИА. „Како и минатиот пат така и сега се потврди ставот на членството во нашиот регион дека не дава поддршка на штрајкот. Нашиот регион се уште стои на ставот на членството дека решение за сите прашања треба и…

повеќе...

Протест на вработените од охридски ЕМО

Вработени во АД ЕМО-производство Охрид денес одржаа мирен протест по охридските улици. Дел од паролите гласеа: „ЕМО-вци робови на 21ви век“, „Ние сме гладни“, „40 маченички плати и придонеси“, „Борба за здравје и достоинство“ со кои вработените по којзнае кој пат потсетија за состојбата во ЕМО. Како што истакнаа штрајкувачите, иако календарски зимата започна денес – за нив зимата трае цели 365 денови. WebOhrid

повеќе...

Регионалниот одбор на СОНК Охрид се приклучи кон штрајкот со глад за поддршка на штипските професори

Од денес Советот на синдикатот започна  штрајк со глад, во знак на поддршка за тројцата професори од штипскиот Економски факултет кои останаа без работа. Во штрајкот се вклучени над 50 наставници и професори – членови на раководните органи, односно Советот и претседателството на СОНК. Формалната одлука дефинитивно да се приклучи на штрајкот со глад СОНК ја донесе синоќа, откако  истече крајниот рок до кој синдикатот бараше од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да ги поправи грешките во постапката со кои тројцата професори не…

повеќе...