Генерален директор и директор на погон во „ЕМО“ заработија кривични пријави

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „лажно пријавување на кривично дело“, едно „несовесно работење во службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид. Прво пријавениот како генерален директор на АД „ЕМО“ Охрид, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што…

повеќе...

Протест на вработените од охридски ЕМО

Вработени во АД ЕМО-производство Охрид денес одржаа мирен протест по охридските улици. Дел од паролите гласеа: „ЕМО-вци робови на 21ви век“, „Ние сме гладни“, „40 маченички плати и придонеси“, „Борба за здравје и достоинство“ со кои вработените по којзнае кој пат потсетија за состојбата во ЕМО. Како што истакнаа штрајкувачите, иако календарски зимата започна денес – за нив зимата трае цели 365 денови. WebOhrid

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески пред надлежните ќе го вложи целиот авторитет за поскоро решавање на проблемите во ЕМО

Градоначалникот Никола Бакрачески, максимално во рамки на законските регулативи и можности и понатака ќе го продолжи своето перманентно влијание и комуникации со владини претставници, со цел вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО поскоро да ги остварат своите права предвидени со законот за работни односи, ова беше заклучено на работниот состанок што денес на барање на синдикатот на ЕМО беше реализиран со градоначалникот Бакрачески. Како прв човек на градот, кој води грижа за сите охриѓани , иако АД ЕМО не е под надлежности на Општината , Градоначалникот со интерес ги сослуша…

повеќе...

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски тесно партиските интереси се поважни и поголеми од интересите на работниците

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ За ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски тесно партиските интереси се поважни и поголеми од интересите на работниците. Власта на Груевски со години наназад поставуваше партиски директори и раководители во ЕМО Охрид, кои го раскрчмија целиот имот на сметка на работниците. Пред година и пол раководството во ЕМО им понуди на дел од вработените во ДООЕЛ ЕМО Дистрибутивни трансформатори да извршат трансфер во ДООЕЛ ЕМО Производство. На работниците им беше ветено дека ќе имаат редовна работа и дека редовно…

повеќе...

ВМРО-НП: ДПМНЕ го уништи ЕМО

ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија целосно ги разбира и ги поддржува вработените во некогашниот гигант ЕМО. Целосно застануваме зад нивна страна и ги поддржуваме во сите нивни барања. Работниците на ЕМО многу добро се сеќаваат дека во времето кога премиер на Република Македонија беше Љубчо Георгиевски, ЕМО беше втора фирма по обрт на средства во државата, претставуваше симбол на Охрид и секаде во светот беше позната со над 2.500 вработени. Тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, кога државата имаше потреба и даваше…

повеќе...

Груевски: ЕМО повторно ќе биде рестартирано

ЕМО повторно ќе биде рестартирано. Две германски компании се заинтересирани за делови од компанијата, а за што Владата веќе води разговори. Ова го најави премиерот Никола Груевски при денешната посета во Охридско. „Делови ќе земат германските компании кои веќе ги објавија своите инвестиции во Охрид. Едната од нив ќе земе поголем дел од ЕМО и ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во разговори да ги убедиме да инвестираат. Така што комплетно цело ЕМО да биде повторно рестартирано што за автоделови,…

повеќе...

Интензивно се бара стратешки партнер за ЕМО

На повидок е решение за наоѓање на стратешки партнер  за ЕМО,. Ова го истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид. „Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава, за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се’ што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени“ посочи Груевски.…

повеќе...

АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Србија

Согласно преземените активности за настап на пазари надвор од Република Македонија деновиве АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Република Србија.  „Договорите се однесувааат за изработка и испорака на дистрибутивни трансформатори за Електродистрибуција Београд во износ од 1.780.000,00 еур. и договор за изработка и испорака на расклопни апарати за Електропривреда на Република Србија во износ од  550.000,00 еур. Со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, и се очекува во 2014 година да се реализираат и други договори…

повеќе...