Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

ЈУНП Галичица: Целосна забрана за движење низ шумите

Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ шумите, без оглед на нивната намена, ЈУНП Галичица соопштува:  Се забранува секакво движење низ шумата во границите на паркот. Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење ( пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот. Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се…

повеќе...

Вечерва престанува да важи забраната за движење низ шумите

Вечерва на полноќ ќе престане да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси, која беше воведена како превентивна мерка за заштита од пожари. Од ЈП „Македонски шуми“ информираат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени поинаку ќе биде променета одлуката. Вечерва исто така завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која беше исто така воведена на 6 јули. Извор: meta.mk

повеќе...

Ново соопштение за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

1. Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне. Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување…

повеќе...

НП Галичица воведува ограничено движење во шумите и шумските појаси

Како превентивна мерка за заштита од пожари Национален Парк Галичица воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од дирекцијата на паркот. Исто така е воведена и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во во границите на паркот. Ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси е за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава. Од Паркот информираат дека од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење…

повеќе...

Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е…

повеќе...

33 кривични пријави за пустошење на шума

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција “Гора“ за спечување на нелегална сеча и трговија со огревни дрва во текот на изминативе две недели по однос на работењето на лиценцирани лица за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост поднесе вкупно 33 кривични пријави против физички и правни лица поради постоење на основани сомнение дека сториле повеќе кривични дела: “злоупотреба на службена положба и овластување“ ; “пустошење на шума“ ; “кражба“; “фалсификување или уништување деловни книги“. Притоа првичните проценки говорат дека станува збор за евидентирана исечена дрвна…

повеќе...

Намалени шумските производи за 2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2015 година, во однос на второто тримесечје од 2014 година, е намалено за 2,0 %. Зголемување на шумското производство е забележано кај друго заоблено дрво од иглолисни, просторното дрво од иглолисни, рудничкото дрво од листопадни видови и огревното дрво од иглолисни и од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и кај другото заоблено дрво од листопадни видови.

повеќе...

Кривична пријава за лица кои нелегално сечеле дрва во охридско

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А. (40) од Македонски Брод сопственик и управител на фирмата „Шума проект-2“ увоз-извоз ДООЕЛ Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. (40) од с. Црвена вода-охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“. Прво пријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во с.…

повеќе...

Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро…

повеќе...