Одбележана 12-годишнината од смртта на Претседателот на Македонија Борис Трајковски

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на спортскиот центар “Борис Трајковски” се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев. Исто така со положување свежо цвеќе почит му оддадоа и претставници од спортскиот центар “Борис Трајковски”, делегација од општина Карпош и претставници на спортските клубови и спортските медиуми. Поранешниот Претседател на Република Македонија…

повеќе...

Два дена за платено политичко рекламирање

Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година. Имајќи предвид дека Законот за изменување на Изборниот законик влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ број 35 од 24 февруари 2016 година, емитувањето платено политичко рекламирање е дозволено до 24.00 часот на 26 февруари 2016 година. Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе…

повеќе...

АВМУ: Професионалните стандарди важат секогаш

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта. Барањата за правичност, непристрасност и за баланс во известувањето не се однесуваат само на периодот на изборниот процес – тоа е само поинаков начин да се формулира начелото…

повеќе...

Нема небезбедни чоколади на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни. Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and…

повеќе...

Проект „Стоп на пороците“

Во рамки на Проектот „Стоп на пороците“, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа обука на волонтери од Црвен крст на Република Македонија, кој активно ќе бидат вклучени во реализација на проектот. На обуката беа присутни волонтери од Кавадарци, Прилеп, Охрид и Скопје. Главен обучувач на обуката беше доктор Лилјана Игнатова, која успеа подетално да ги информира учесниците околу техниките на делување во делот на волонтерството и проектот. Инаку, во изминатиот период во рамки на проектот беа опфатени 10 општини, со извршени презентации во основните училишта на…

повеќе...

Бројот на туристи од Србија во константен пораст

Од 18ти до 21ви февруари 2016 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот…

повеќе...

Освојувачот на бронзениот медал во воздухопловно моделарство на прием во АМС

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Бојан Димески, освојувачот на бронзениот медал за Македонија на Светската Ранг Листа во воздухопловно моделарство – јуниорска конкуренција F1-A за натпреварувачката сезона 2015. Димески големиот успех го постигна благодарение на освоените 201 поени и тоа први места на Светскиот Куп Софија, Светскиот Куп Македонија, Светскиот Куп Прилеп и Светскиот Куп Анадолија. Директорот Спасески му го честиташе големиот успех на Димески и му посака уште вакви големи успеси, зошто секој личен успех претставува успех и за Македонија. Димески…

повеќе...

Македонската туристичка понуда предизвик за туристите од Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) од 11-13-ти Февруари 2016 година е дел од 33-тото издание на меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда во Софија, Бугарија – HOLIDAY&SPA EXPO 2016. За време на саемот во Софија остварена е средба со министерот за туризам на Египет, г-дин Адел ел Масри со цел запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји. Познатите тур-оператори Orange Travel и Lidija Tours сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за азискиот пазар…

повеќе...

АППТ ја шири мрежата на соработници во Белгија

Во наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел. Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година. Од Томас Кук – Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот. „Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како…

повеќе...

Предлог национална мрежа на планински патеки на Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, согласно годишните Програми за промоција и поддршка на туризмот, предвидуваше реализација на повеќе проекти во рамките на поддршката на туризмот, од кои како еден од најзначајните проекти е проектот “Планински патеки“. Потребата од реализација на проектот се јави со цел на создавење на нови туристички производи што во најголема мерка би влијаеле на зголемување на туристичката понуда на Република Македонија, како и директно поврзување на Република Македонија со останатите земји преку создавање на мрежа на планински патеки. Проектот се реализираше…

повеќе...